Дводневен Самит на ЕУ во Брисел: Во фокус проширувањето, Украина и Блискиот Исток

December 14, 2023
1 min read

Меѓу главните теми на самитот, според најавите, ќе биде политиката на проширување со особен фокус на Украина за која Европската комисија минатиот месец препорача почеток на пристапните преговори со Европската Унија

По вчерашниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска и утре во Брисел се одржува Самитот на Европската Унија на кој учествуваат шефовите на држави и влади на земјите членки на Унијата.

Меѓу главните теми на самитот, според најавите, ќе биде политиката на проширување со особен фокус на Украина за која Европската комисија минатиот месец препорача почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Во поканата за дводневниот самит, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, истакнува оти стартот на руската инвазија на Украина во 2022 година ја означил пресвртницата во Европа и е потсетник дека оттогаш ЕУ донела голем број одлуки без преседан за поддршка на Украина и за зајакнување на суверенитетот на Европа.

Деветнаесет месеци подоцна, додава Мишел, Унијата е соочена со потребата од нови, храбри одлуки кои вклучуваат и согласност за отворање на пристапните преговори со Украина.

„Треба да ги исполниме нашите заложби за Украина и да продолжиме да бидеме сигурен и силен партнер. Мора да ѝ обезбедиме на Украина континуирана и одржлива политичка, финансиска и воена поддршка и особено да постигнеме договор за обезбедување 50 милијарди евра за нејзината долгорочна стабилност. Ние, исто така, треба да се согласиме да ги отвориме пристапните преговори со Украина, а со тоа да и дадеме неопходен сигнал и да ја доближиме до нашето европско семејство“,

наведува Мишел во поканата за Самитот.

Според него, лидерите ќе треба да донесат и значајни одлуки за другите аспиранти за членство во ЕУ, додека паралелно Унијата се прилагодува и подготвува за прием на нови членки

Покрај прашањето за проширувањето, во фокус на самитот во Брисел ќе бидат и случувањата на Блискиот Исток, како и предложената ревизија на повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година,

„Пред нас е клучен Европски совет. Сега е време за одлучување. Ве повикувам сите да дојдете со дух на компромис, со чувство на колективна одговорност и со интересите и вредностите на Унијата во преден план“,

додава Мишел.  

Вчера во Брисел се одржа Самитот ЕУ-Западен Балкан на кој е потврдена недвосмислената посветеност на ЕУ за членство на земјите од регионот во Унијата, преку утврдени патокази за спроведувањето на реформи и зајакнување на владеењето на правото.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Во Кривичен завршни зборови за „Ласкарци“

Следно

Израелската Армија одбива да ги коментира наводите за пумпање морска вода во тунелите во Газа

Latest from Blog

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop