Две сребра за македонски средношколци на 37. Интернационална олимпијада по информатика

August 2, 2025
2 mins read

Два сребрени медали освоија македонски средношколци на 37. Интернационална олимпијада по информатика што се одржува во Сукре во Боливија од 27 јули до 3 август. Сребрените медали ги освоија Дамјан Давков од Штип и Леонид Цуклев од Гевгелија, а останатите двајца ученици кои се дел од македонскиот тим Благој Рујаноски Стојановски и Виктор Максимоски освоија олимписка пофалба, што означува дека во еден од натпреварувачките денови освоиле поени во ранг на медал. 

На Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ) учествуваат вкупно 330 ученици од 86 земји од целиот свет. 

Од Здружението на информатичари на Македонија денеска оценија дека овој успех е уште еден доказ за контиунираниот напредок и посветеност на младите македонски инфотматичари кои со своето знаење и труд ја поставуваат земјава на мапата на најуспешни држави во областа на информатиката. 

 – За прв пат оваа година, Здружението на информатичарите на Македонија, како долгогодишен организатор на натпреварите по информатика, аплицираше за покривање на патните трошоци за патувањето до Министерството за образование и наука. После првичната одлука за делумно покривање на трошоците, во директна комуникација за министерката бевме уверени дека МОН комплетно ќе ги покрие трошоците за нашето учество на олимпијадата. Особено ми е драго што за прв пат во МОН гледаме партнер кој го разбира значењето на ваквите олимписки претставувања на Македонија, и иако годинава трошоците за патувањето беа значително повисоки од вообичаените, Министерството изнајде начин да не поддржи. А ние, на надморска височина од 2800 метри го постигнавме досега највисокиот резултат за Македонија, и се надевам дека ја правиме државата горда, особено на денот на републиката, 2-ри Август.“, изјави претседателот на Здружението, проф. д-р Миле Јованов.

Учениците кои се дел од македонскиот тим за ИОИ 2025 беа избрани преку целогодишен циклус натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија, а оваа година се одржуваше по 36-ти пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. Циклусот натпревари и годинава бил организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера, Семос едукација и Винчини.

Македонија за прв пат како независна држава на Инетрнационалната олимпијада по информатика (ИОИ) учествуваше во 1996 година, и од тогаш до денес има завидни резултати споредено со земји кои се значително поголеми – има освоено шест сребрени, 24 бронзени медали и четири олимписки пофалници. Имајќи го предвид фактот дека според начинот на поделба на медалите, ИОИ како врвна научна олимпијада по информатика е најстрога во споредба со научните олимпијади по другите науки (математика, хемија, физика, биологија), постигнатите резултати заслужуваат почит.

ИОИ е водечки светски натпревар во областа на алгоритамско програмирање, наменет за средношколци, кој секоја година се организира во различна земја-членка на ИОИ заедницата. Станува збор за најпрестижниот настан од ваков вид, на кој учествуваат внимателно селектирани млади таленти од целиот свет. Се натпреваруваат ученици кои претходно минале низ повеќестепен селекциски процес на национално ниво, при што го покажале највисокото ниво на знаење и способности во областа на информатиката. Учесниците се соочуваат со високо предизвикувачки задачи, преку кои ги демонстрираат и унапредуваат своите вештини за анализа на проблеми, дизајн на алгоритми, имплементација на ефикасни решенија, користење на напредни податочни структури, како и тестирање и оптимизација на код.

Секоја година, во околу 95 земји низ светот се организираат национални натпревари во програмирање, на кои учествуваат повеќе од 400 000 ученици. Само најдобрите од нив добиваат можност да ја претставуваат својата држава на ИОИ и да се натпреваруваат со врвните млади умови од сите краишта на светот – што се смета за особена чест и признание за секој млад програмер. 

Следната, 38-ма по ред, Интернационална олимпијада по информатика, ќе се одржи следната година во Узбекистан. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Европската јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ), што ќе се одржи во Шумен, Бугарија, во периодот од 29-ти август до 4-ти септември.

Фото: Здружение на информатичари

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Леклер ја освои пол-позицијата на „Хунгароринг“

Следно

Пораз за македонските кошаркари на стартот на претквалификациите за СП 2027

Latest from Blog

Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата

Дали сум им здодеал на кумановци, тие ќе кажат на изборите. Моја обврска е да продолжам да го работам тоа што најдобро го знам, сакам да ги завршам отпочнатите проекти, изјави лидерот

Шмајхел: Од сите голмани, Манчестер Ј. купи голман за кого првпат слушнав

фото: SimplyUtd (X) Легендата на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел, изјави дека неговиот поранешен клуб го донесе погрешниот голман како замена за Онана. Според Шмајхел, тој самиот никогаш не слушнал за Сене Ламенс,

Младите како носители на новиот бран промени во Скопје, велат Ѓорѓиевски и Митески

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, синоќа се сретнаа со младите од Аеродром, во атмосфера исполнета со

Меџити: Спортот е двигател на здрави генерации во Чаир

Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, денес го посети женскиот ракометен клуб WHC Чаир, еден од најуспешните спортски колективи во земјата и редовен учесник на меѓународни натпреварувања. Клубот, кој
Go toTop