Две последователни седници во Прилеп: Советниците со фокус на буџетот и комуналните претпријатија

April 2, 2026
1 min read

Советниците на Советот на Општина Прилеп одржаа две последователни седници. На 12-тата седница советниците поставуваа советнички прашања, поврзани со инфраструктурното и комуналното уредување на градот, како и со економско-финансиското работење на Општината и јавните комунални претпријатија, на кои одговараше градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

По завршувањето на 12-тата седница, советниците ја одржаа и редовната, 13-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која како прва точка на дневниот ред беше разгледан Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.

Во продолжение, советниците ја разгледаа и усвоија Предлог-програмата за измена на Програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за 2026 година.
Советниците ги усвоија тримесечните извештаи за финансиското работење за периодот од 01.10.2025 до 31.12.2025 година на ЈКП „Пазари“ – Прилеп, ЈП за ПУП – Прилеп и ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.
Исто така, беа усвоени годишните сметки и извештаите за работењето за 2025 година на ЈКП „Пазари“ – Прилеп, ЈП за ПУП – Прилеп, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп и ЈПЕД „Енерго-Прилеп“.

На седницата беше дадена согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈКП „Пазари“ – Прилеп за 2026 година, како и согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.
Советниците дадоа зелено светло и за измените и дополнувањата на Програмата за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини за 2026 година.
На седницата беше дадена согласност на годишните планови за вработување за 2027 година на средните училишта: СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп и СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп, како и на ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ – Прилеп.
Советниците ја усвоија Предлог-програмата за еднакви можности на Општина Прилеп за 2026 година, како и Предлог-решението за измена на Решението за формирање Комисија за родова еднаквост.

Со мнозинство гласови беше усвоена и Одлуката за прифаќање донација за изработка и отстапување на техничка документација за инфраструктурни проекти, со цел поддршка на јавниот интерес и развојот на локалната инфраструктура.
Дополнително, беше донесена Одлука за определување крајбрежен појас на водотеците во планскиот опфат на УПС Галичани, КО Галичани и КО Беровци, Општина Прилеп.

Советниците донесоа и одлуки за определување услови и начин на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на ЕЛС – Општина Прилеп, преку постапка со електронско јавно наддавање, и тоа за имот кој се наоѓа на КП 15641, како и за објекти со внатрешна површина од 9 м² и 16 м² кои се наоѓаат на КП 15627/7 КО Прилеп.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Весникот „Илинден“ одбележа 15 години – мост меѓу Македонците во Албанија и татковината

Следно

Омерагиќ: Репрезентацијата е гордост што не смее да зависи од еден резултат

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска ја прикажува оставката како жртва, но станува збор за личен политички потег

Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку

Омерагиќ: Репрезентацијата е гордост што не смее да зависи од еден резултат

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати порака за единство и поддршка кон македонската репрезентација, истакнувајќи дека тимот претставува многу повеќе од резултат. „Едно поглавје останува зад нас, сега сме

Весникот „Илинден“ одбележа 15 години – мост меѓу Македонците во Албанија и татковината

Тирана свечено беа одбележани 15 години од излегувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“, гласило на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кое претставува еден од клучните медиуми за информирање и афирмација на македонската

1,45 милиони денари за културно-уметничките друштва: Нов јавен повик од Општина Битола

Со цел збогатување на фолклорот, негова поголема афирмација, афирмација на Општината преку промоција на традицијата и поголема вклученост на младите кои ќе ја негуваат традицијата и културата во нашиот град, Општина Битола
Go toTop