Две лица загинаа во сообраќајка на влезот во Битола

March 10, 2025
1 min read

Две лица загинаа, едно тешко повредено во сообраќајка која денеска напладне се случи на патот Битола – Прилеп.

Сообраќајката се случила на влезот на Битола, а во неа учествувале камион и патничко моторно возило.

На лице место загинале лице од Скопје и еден странски државјанин, а едното лице исто така странец е пренесено во болницата во Битола на укажување лекарска помош.

На местото на настанот излегле екипи на СВР Битола и Јавен обвинител. Патниот правец поради оваа сообраќајка беше затворен.

Вчера на патот Ресен – Битола во сообраќајка, животот го загуби едно лице.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МИСЛЕВ ДЕКА ЌЕ СТЕ ПОВЕЌЕ, ПАНТА НИ ОСТАВИ ФИЛМСКО НАСЛЕДСТВО, НО МНОГУ РАБОТИ ЗАБОРАВАМЕ, РЕЧЕ ИЛИНДЕНКА ПЕТРУШЕВА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА МИЖИМАКОВ

Следно

Мирче Ѓоргоски нов командант на Командата за операции, најголемата оперативна команда во АРМ

Latest from Blog

Мицкоски: Граѓаните заслужуваат одговори – кој стои зад милионските хонорари во СЈО?

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка

Да се одржи партнерството со Унгарија, следен клучен сојузник Полска, порача Димовски

Политизацијата на надворешната политика и сведувањето на клучните државни прашања на дневни партиски препукувања е сериозен ризик за македонските национални интереси – порача Илија Димовски во дебатната емисија „Директно“ на Телма. „Кај
Go toTop