Две лица загинаа во шумски пожар на југот од Грција

September 30, 2024
1 min read

АТИНА (АА) – Во голем шумски пожар што избувна во близина на летувалиште на југот на Грција загинаа две лица, известува Анадолу.

Противпожарната служба соопшти дека околу 350 пожарникари, со помош на осум авиони, успеале рано утринава во голема мера да го стават под контрола пожарот кај Ксилокастро, во подрачјето на Пелопонез.

По избувнувањето на пожарот во неделата неколку села добија наредба за евакуација.

Властите соопштија дека жртвите на пожарот најверојатно биле локални жители, кои исчезнале во неделата доцна навечер.

Засега нема информации за изгорени куќи во погодената област, која се наоѓа на околу 150 километри југозападно од Атина.

Грција, како и другите јужноевропски земји, секое лето ја зафаќаат големи шумски пожари. Во изминатите неколку месеци, грчките власти се справија со повеќе од 4.500 шумски пожари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изгубената планинарка утрово пронајдена на Шар Планина без знаци на живот

Следно

Ограбен комплексот „Ролан Гарос“ во Париз

Latest from Blog

Николоски: Брзата пруга на Коридорот 10 ќе добие современ систем за управување со возовите

Вештачката интелигенција веќе не е само теорија или технологија на иднината,  тоа е нешто што се случува околу нас.  Таа е голема можност која треба да се искористи. Како Влада создаваме правна

Општина Битола продава градежно земјиште за изградба на куќи: Пријавувањето трае до 14 декември

Општина Битола објави оглас за отуѓување неизградено градежно земјиште во државна сопственост, кое ќе се продава по пат на јавно електронско наддавање. Станува збор за земјиште предвидено за изградба на објекти со

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка
Go toTop