Две лица измамени од лажен доктор во Штип

January 31, 2026
1 min read

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во последните 24 часа на подрачјето на Штип се пријавени две измами извршени врз повозрасни лица, при што сторителите се претставувале како лекари и лажно пријавувале тешки сообраќајни незгоди.

Според полицијата, на 30 јануари 2026 година, во СВР Штип најпрво бил пријавен случај во 11:30 часот од 96-годишен маж од Штип, кој навел дека бил измамен за износ од 3.500 евра. Како што пријавил, телефонски бил контактиран од лице кое се претставило како лекар и му соопштило дека неговата ќерка се здобила со скршеници и дека е неопходна итна операција за која требало веднаш да се плати. По претходен договор, оштетениот од балконот ги фрлил парите, кои биле преземени од лице што чекало под објектот и веднаш го напуштило местото. Подоцна, откако стапил во контакт со својата ќерка, сфатил дека станува збор за измама.

Вториот случај бил пријавен истиот ден во 16:30 часот од 77-годишна жена од Штип. Таа изјавила дека по идентичен начин била измамена од лице кое се претставило како лекар и ѝ соопштило дека нејзината ќерка е тешко повредена и дека е потребна итна операција. По договор со сторителите, таа од балконот предала 3.000 евра, 30.000 денари и златен накит на женско лице, кое по преземањето го напуштило местото на настанот.

Подоцна и таа утврдила дека станува збор за измама. Од МВР соопштуваат дека и во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните и откривање на сторителите, а апелираат граѓаните, особено повозрасните, да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви телефонски измами.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛАЈЧАК ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ОБЈАВУВАЊЕ НА ПРЕПИСКАТА СО ЕПШТАЈН: Шок во Словачка!

Следно

Тошковски за Дневникот на МТВ: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе, зголемен прагот на толеранција за возачите

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март

Познати четвртфиналните двојки: Дуели на титаните во Париз, Мадрид и Барселона

Со завршувањето на вечерашните четири реванш осминафинални пресметки во Лигата на шампионите, одредени се сите учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ – Ливерпул Реал Мадрид – Баерн Минхен Барселона –
Go toTop