Две години доцнење – градинката во Теарце сѐ уште не е отворена

March 2, 2025
1 min read

Градинката во село Теарце, која требаше да биде готова во 2023 година, доцни поради пропусти во изградбата која започна со 2021 година и чекањето дозвола од Министерството за социјална политика. Градоначалникот на општината вели дека доцнењата се поврзани со дополнителни инвестиции и дека ги чекаат одобренијата за вработувања пред отворањето на градинката.

„Предлогот, систематизацијата ја испративме во Министерството за социјална политика, и тоа е одобрено. Овој предлог го испративме и до Министерството за информатика и администрација и до Министерството за финансии и не се сомневаме дека ќе добиеме позитивен одговор. Изработен е според барањата за потребите на оваа градинка. Нашето барање е за околу 70 вработувања“, вели Нухи Незири.

Според Незири запишувањето во градинката ќе започне по назначувањето на директор.

„Денеска советот ги именува членовите на одборот, утре ја имаме последната посета и во рок од осум дена од објавувањето во Службен весник отвораме конкурс за директор, бидејќи во моментот имаме в.д директор за овие постапки“, вели Нухи Незири. Со изборот на директорот започнува постапката за пријавување на децата и вработените во градинката.

Министерот за социјална политика Фатмир Лимани од јануари рече дека Теарце има дозвола за градинката.

„Теарце ја има дозволата, добиена и одобрена за градинката и се очекува истата да биде отворена“, вели Фатмир Лимани.

Во градинката во Теарце се очекува да бидат запишани 150 деца, додека оваа градинка ќе биде отворена и за деца со посебни потреби, бидејќи во барањето за вработување од оваа општина е вклучен и логопед и целиот неопходен кадар за овие деца.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од вчера парното греење е поскапо

Следно

Стармер на самитот за Украина: „Европа се соочува со генерациски момент за нејзината безбедност“

Latest from Blog

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото

Коњановски: Без силни младински политики нема развој на локалните заедници

Во Битола денеска се одржа четвртата средба на Регионалната платформа за млади, на која учествуваа граѓански организации и градоначалници од Пелагонискиот регион. На настанот се обратија претседателката на Про Локал Емилиа Ѓероска,
Go toTop