Два синдикати во Германија одлучија да ја напуштат платформата „Х“

January 9, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот синдикат на услуги „Верди“ и Синдикатот за образование и наука „ГЕВ“ одлучија да ја напуштат платформата за социјалните медиуми „X“, известува Анадолу.

Синдикатите „Верди“ и „ГЕВ“ дадоа заедничка изјава, во која се наведува дека двата синдикати одлучиле да ја напуштат платформата „Х“, што ја користат 15 години.

Во соопштението како причина за одлуката за напуштање на платформата се наведува разговорот меѓу американскиот бизнисмен Илон Маск и Алис Вајдел, кандидатот за канцелар на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD).

И двата синдикати ја обвинија платформата Х дека е „антидемократска и шири дезинформации“.

Синдикатите истакнаа дека ќе продолжат да користат други платформи за социјални медиуми како „Блускај“, „Мастодон“, „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „ТикТок“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе биде времето до среда (Фото)

Следно

Формула 1 ѝ одзема две трки на легендарната „СПА“

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop