Два нови земјотреси во Авганистан од 6,3 и 5 степени

October 11, 2023
1 min read

ХЕРАТ (АА) – Авганистанската провинција Херат повторно ја потресоа земјотреси со магнитуди од 6,3 и 5 степени според Рихтеровата скала, по земјотресите што го потресоа ова подрачје изминатата сабота, известува Анадолу.

Според податоците на американскиот Геолошки завод, земјотрес со интензитет од 6,3 степени регистриран е во 5:11 часот по локално време, со епицентар 28 километри северно и севернозападно од Херат.

Само 11 минути подоцна по првиот земјотрес, во истиот регион е регистриран и втор земјотрес со интензитет од 5 степени.

И двата земјотреси биле на длабочина од 10 километри.

По земјотресот, дошло до краткотраен прекин на струјата во градот.

Изминатата сабота американскиот Геолошки завод објави дека силни земјотреси со магнитуда од 5,5, 5,9 и 6,2 степени го потресоа Авганистан. Епицентарот бил 40 километри северозападно од Херат.

Земјата која е разорена од војната, во моментов се бори со хуманитарна криза по повлекувањето на странските земји и организации откако талибанците повторно го зазедоа Кабул пред 2 години.

Земјотресите се честа појава во Авганистан, воглавно во планинскиот ланец Хиндукуш, кој се наоѓа во близина на спојот на евроазиската и индиската тектонска плоча.

Земјотресот со интензитет од 5,9 степени минатата година одзеде над 1.000 животи, а на десетици илјади остави без кров на главата во покраината Пактика.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во 235 станбени објекти има дефекти за пристап до топлина, потрошувачите навреме да ги отстранат пречките, апелира ЕСМ

Следно

Синдикат на контролори на летање: Штрајкот не е ставен во мирување, да не се доведуваат во забуна патниците и авиокомпаниите

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop