Screenshot

Дурмиши: Во декември пад на цените на храната за 0,4 проценти

January 14, 2026
1 min read

Во декември месец во делот на храна и пијалоци има намалување на цените, а истото е забележано и на почетокот на месецот јануари, поради тоа нема причина за некакви мерки.

Ова го изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, одговарајќи на прашањето за мерките за намалувањето или стабилизирањето на инфлацијата.

Како што вели тој, ако има енормно зголемување на цените, како што имало во минатото, ќе бидат преземени мерки, но во овој момент, потенцира дека такво нешто не е потребно.

„Сега засега не гледаме причина за превземање на некакви мерки, ограничување на бруто профитна маржа или ограничување на цени. Секојдневно ја следиме ситуацијта, во комуникација сме со претставниците на ДПИ, ако има потреба, како што сме реагирале во минатото, така ќе реагираме и оваа година. Но, во месец декември, уште еднаш да потенцирам, во делот на храна и пијалоци, инфлацијата, односно цените се намалени за 0,4 проценти и убеден сум, верувам дека овој тренд оваа година ќе продолжи“, вели Бесар Дурмиши.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЈП: Мерката „МојДДВ“ не се укинува

Следно

Најсуровите луѓе се родени во овие три хороскопски знаци

Latest from Blog

Арагчи: Хамнеи е сè уште жив „колку што јас знам“

Арагчи даде интервју за Ен-Би-Си Њуз, откако израелскиот Канал 12 објави дека Израел проценува дека Хамнеи е „веројатно убиен“ во денешните израелски воздушни напади. Зборувајќи во живо, Арагчи исто така рече дека

Колумна на Менкиноски: Брзиот воз за Брисел и македонскиот перон

Колумна на Тони Менкиноски за Нова Македонија   Според францускиот правник, универзитетски професор и политичар Бадинтер, во деведесеттите години на минатиот век Македонија беше најподготвена да патува за Европа. Но возот тргна

Македонски државјанин ги шокираше швајцарските судии: Свесно крадел за да заврши во затвор

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај во кој млад македонски државјанин бил осуден на пет години затвор за серија грабежи и други дела, јавија тамошните медиуми. Нашинецот

Проданоски: Меморијалниот турнир „Илија Карески – Каре“ ја зацврстува спортската традиција на Прилеп

Во Прилеп се одржа петтиот меморијален меѓународен турнир во пинг-понг „Илија Карески – Каре“, настан кој веќе прераснува во значајна спортска традиција и симбол на заедништво и спортски дух. Турнирот, во организација
Go toTop