Дурмиши: Одлуката за ограничените маржи ќе важи и на двата големи празника Велигден и Рамазан

February 11, 2025
1 min read

Министерството за економија утре или најдоцна задутре треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи до Владата.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вечерва изјави дека ќе бидат опфатени производите од есенската потрошувачка кошничка надололнети со непрехранбени производи кај кои се забележани високи маржи.

-Ќе има околу 100 групи на производи. Ќе се додадат и непрехранбени производи затоа што анализата на Државниот пазарен инспекторат покажа дека има вакви производи каде е зголемена маржата. Одлуката ќе важи до 30 април и ќе бидат опфатени и двата големи празника – Велигден и Рамазан, рече Дурмиши во централниот дневник на телевизија „Сител“.

Дурмиши истакна дека анализата на Државниот пазарен инспекторат покажува дека трговците на мало користеле маржи од 5 до 20 проценти кај основните прехранбени производи и од 20 до 30 проценти бруто профитна маржа кај неосновните непрехранбени производи.

Најави дека утре или задутре ќе се одржи и состанокот со надлежните институции на кој ќе се разговара за мерките коишто би имале подолгорочен ефект.

Останува на ставот дека новогодишната кошничка дала ефекти, но дека имало трговци и дистрибутери кои ја изиграле со зголемување на цените на оние производи што не биле дел од новогодишната кошничка.

– Значи не дека новогодишната кошничка не даде ефекти, но не како што ние очекувавме, рече Дурмиши.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коцевски: Секогаш сум работел согласно закон

Следно

Зафиров во Отворено: Јас сум секогаш за промена на носителите на главните функции во правосудството, потребен е нов модел со кој ќе се обезбеди независност

Latest from Blog

Дубаи од туристички рај се претвори во град на духови

По серијата ирански ракетни и беспилотни летала напади, илјадници странски работници, туристи и инфлуенсери го напуштија Дубаи, додека плажите, хотелите и рестораните се речиси празни, објави Дневно. Дубаи со децении е симбол

Андоновска: Функциите претставуваат одговорност и патриотизам, се случуваат кадровски освежувања

Минатиот месец, Марија Андоновска беше реизбрана за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Си постави задача да работи посветено, одговорно, да се работи на градење на држава и институции кои ќе им

Tрендафилов: Иако протестите беа организирани на претходната влада, новата го одби предлогот

Минималната плата од 600 евра е реална потреба на работниците и произлегува од вредноста на синдикалната кошница, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов во дебатата „Топ Тема“.
Go toTop