Дурмиши: Над 4.500 граѓани веќе аплицирале, голем интерес од невработените за мерките од Оперативниот план

June 18, 2025
1 min read

Министерот за економија и труд, г. Бесар Дурмиши, денеска (18 јуни) оствари работна посета во Општина Чаир, каде заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули, одржа средба со граѓани, локални бизнисмени и претставници на јавните институции. Централна тема на средбата беше презентацијата на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2025 година, со кој Владата вложува рекордни 40 милиони евра во поддршка на вработувањето и самовработувањето.

„Ова не е само план на хартија – ова е реална можност за над 10.000 лица да добијат пристојно работно место, поддршка за сопствен бизнис или обука на терен. Според последните информации со кои располагам поднесени над 4.500 апликации, што покажува голема доверба во мерките и подготвеност на граѓаните да преземат иницијатива“, изјави министерот Дурмиши.

Посебен акцент беше ставен на Мерка 3.1 – Обука кај познат работодавач, една од најдиректните форми на подготовка за вработување. Преку оваа мерка:

-работодавачите добиваат можност да обучат идни вработени според свои
потреби,

-невработените лица стекнуваат конкретни практични вештини во реална работна средина,

-се создава можност за долгорочно вработување по завршување на обуката.

Мерка 3.1 е мост меѓу невработените и работодавачите. Таа нуди обострана корист – компаниите добиваат обучен кадар, а граѓаните добиваат шанса за стабилна работа, рече Дурмиши.

Со Оперативниот план министерот потсети дека се активни и мерките за
самовработување каде е особено голем интересот кај младите до 29 години за што се пристигнати повеќе од 3.000 апликации.

Мерка 1.1: До 7.000 евра за бизнис за лица над 29 години,
Мерка 1.2: До 10.000 евра за млади до 29 години со иновативни идеи,
Мерка 1А: До 20.000 евра за заеднички бизниси на најмалку две лица.

Преку теренските презентации, Министерството за економија и труд, заедно со Агенцијата за вработување имаат за цел директно да ги информираат граѓаните и да ги поттикнат да аплицираат. По Чаир, каде што интересот беше особено голем, следуваат посети во Гостивар, Кичево, Сарај, Липково и други општини со повисока стапка на невработеност.

„Граѓаните треба да знаат дека Владата стои зад нив. Ова не се само бројки – ова се реални шанси за подобар живот. Останете тука, развивајте ја вашата идеја – ние ќе бидеме партнер во тој процес“, порача министерот Дурмиши.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште еден американски носач на авиони ќе пристигне во Средоземно Море

Следно

ФОТО+ВИДЕО: Пред три години на овој ден Марко Пејчиновски преплива 18.28 км, од Радожда – Градиште

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

20 март 2026 година, Скопје- Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија истакна дека во услови на глобална неизвесност се можни одредени корекции на буџетските проекции,

ЈКП Комуналец – Прилеп: Големиот пожар во Алинци целосно изгаснат по интензивна акција

Пожарот на депонијата во Алинци, кој се сметаше за еден од најголемите предизвикани од непознат сторител, е целосно изгаснат. Во текот на три дена, вработените од ТППЕ Прилеп, ЈКП Комуналец, Дирекцијата за

Божиновска и KfW разговараа за проекти кои ја зајакнуваат енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со новата раководителка на одделот за енергетика за Европа и Кавказ во KfW, Бабет Штајн вон Камиенски. KfW е еден од

Иран нападна цели во соседните земји

Фабриката беше нападната и вчера, што исто така предизвика пожари. Кувајт соопшти дека пожарникарите денеска се обидуваат да ги локализираат пожарите и дека немало жртви во нападот. Мина ал-Ахмади може да преработува
Go toTop