Дурмиши: Министерството за економија нема механизми за проверка на лиценциите на клубовите

March 25, 2025
1 min read

Запрашан дали смета дека неговиот претходник, Крешник Бектеши, носи одговорност за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, министерот за економија, Бесар Дурмиши, одговори дека не е надлежен да дава изјави или да оценува вината во овој случај.

„Тоа се други надлежни органи кои треба да се произнесат“, кратко изјави Дурмиши на прес-конференција во Владата.

На прашањето за неговата одговорност како министер, бидејќи неговото министерство издавало лиценци и „Пулс“ немала важечка дозвола за време на трагедијата, Дурмиши изјави дека не постои никој во државата кој не чувствува морална одговорност. Сепак, според него, трагедијата не е резултат на изолирана грешка, туку на поголем проблем во системот.

„Министерството за економија нема механизми за проверка на лиценциите на клубовите. Ние сме одговорни за создавање политики и закони. Институциите кои треба да вршат контрола на терен носат одговорност“, нагласи Дурмиши.

Министерот за економија најави дека ќе се зголемат казните за дискотеките и ноќните клубови во споредба со претходниот Закон за угостителска дејност, со цел да се спречат трагедии како онаа во „Пулс“. Иако не соопшти конкретни бројки, изјави дека најверојатно ќе се врати висината на казните од периодот пред 2018 година.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Има и државни објекти што не ги исполнуваат условите, сопствениците на локалите ќе добијат време колку што им треба за да ги исправат недоследностите

Следно

ВИДЕО: Обвинение за разбојништво во продавница за бела техника кај Градски парк во Скопје

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop