Дурмиши: Мерките имаат ефект кај граѓаните – СДСМ: Кошницата е измама на Мицкоски, производите се со повисоки цени

December 22, 2024
1 min read

Какви се ефектите откако измина една недела од спроведувањето на акцијата наречена Новогодишна кошничка и дали со неа има реално намалување на цените. Министерот за економија Бесар Дурмиши во интервју за Радио Слободна Европа е задоволен од оваа акција. Вели дека се почитува мерката за намалување на цените на производи од 10 проценти

„Од првите денови анализите што ги правиме на терен секој ден Државниот пазарен инспекторат, гледаме дали ја почитуваат нивната мерка – која сами ја нудеа производителите, дистрибутерите и трговците. Се виде дека се почитува и е применлива, граѓаните  овие први денови гледаме дека се задоволни од оваа мерка која беше иницијатива на трговците“, додава Бесар Дурмиши.

Тој вели дека засега граѓаните немаат пријавено неправилности, а истовремено додава дека и Државниот пазарен инспекторат досега не пронашол непочитување на акцијата.

„Јас и до крајот на мерката не верувам дека ќе има злоупотреба или изигрување на цените затоа што тоа самите трговци, производители и дистрибутери самите тие ја нудеа. Значи оа е иницијатива од нив, од коморите, која што ја поддржувавме ние како Влада“, порача Бесар Дурмиши.

Но од опозициската партија со спротивен став, тврдат дека овие мерки воопшти не влијае кон потрошувачката кошничка и дека тоа нема ефект по џебот на граѓаните а основните прехранбени производи наместо да се поевтини тие се поскапи. Кошничката е само една измама која ја прави премиерот Христијан Мицкоски рече Лолита Ристова од СДСМ.

„Власта на Мицкоски наместо нешто да преземе да се справи со овој сериозен проблем и да го поддржи стандардот на граѓаните, направи измама со таканаречената новогодишна кошничка. Го видовме истото сценарио – трговците прво ги покачија цените, а потоа мерките стапија во сила. Реалноста во маркетите и продавниците којашто граѓаните ја гледаат секој ден е дека цените не само што останаа високи, туку кај некои производи и дополнително се зголемија“, вели Лолита Ристова.

Акцијата новогодишна кошничка започна на 15 декември а ќе трае до 15 јануари идната година. Со неа се опфатени над илјада производи кои се намалуваат за 10 проценти.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не е секој стрес лош, некои се добри за здравјето

Следно

Во израелскиот геноцид во Газа од минатата година се убиени 45.259 Палестинци

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop