ДУИ: За кого работи Владата? За граѓаните, или за своите спонзори и привилегирани олигарси?

December 22, 2024
1 min read

Демократската унија за интеграција ја обвини владата дека ги штити олигарсите и дека тоа е причината што одбива да се донесе закон за рестриктивните мерки со кој на тие што ќе се најдат на црните листи на САД и на ЕУ ќе им биде забрането приустап до јавни функции.

„Зошто Владата одбива да го донесе Законот за рестриктивни мерки, кој спречува лицата санкционирани од САД и ЕУ да имаат пристап до политичкиот живот и јавните ресурси? Овој закон не е избор, туку неопходност. Одбивањето или одолговлекувањето на неговото донесување отвора сериозни сомнежи за мрачни влијанија и заштита на интересите на олигарсите. Јавноста бара јасни одговори: За кого работи Владата? За граѓаните, или за своите спонзори и привилегирани олигарси? Рестриктивните мерки се тест за интегритетот и решителноста за праведна и европска иднина. Секое одложување е чин на предавство кон граѓаните на оваа земја“, порачуваат од ДУИ.

Пред една недела и ЕУ објави документ за Западен Балкан во кој за првпат се спомена де-олигархизација на државите како една од реформите за да влезат во ЕУ, нешто што не постоеше како термин претходно.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најави за обилни врнежи од дожд и снег

Следно

Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“, ги охрабрувам и во иднина да го сторат истото

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop