ДУИ со очајничка уцена со БОЈКОТ: Ќе излезеле на локални, само ако биле заедно со парламентарни?!

March 4, 2025
1 min read

Соочени со исчезнатиот првенец Груби и алармантниот одлив на членството кое во редици чека пред вратите на ВРЕДИ, ДУИ се реши на очајнички чекор. Уценуваат заедно со локалните да имало и парламентарни, инаку, ќе бојкотирале. Стара вест и статива, затоа што истото токму ВРЕДИ го најавува како следен чекор на ДУИ веќе трета недела по ред.

Фатени со рацете во бојкотирачкиот мед, мораше да излезат и да соопштат дека е вистина, како и дека ВРЕДИ ги предухитри и зафркна. „Честа“ да ја соопшти небулозната веќе позната на јавноста одлука за луциден бојкот, за која претходно ги издаде коалицијата на Таравари, ја имаше Бујар Османи. Да, оној истиот осомничен од аферата „Пациент“ , мега-скандал кој СЈО на Јанева така „случајно“ го поништи и исчезна. Очекувано, излажа дека биле нарушени правата на Албанците во државата. Овојпат, Бујар во улога на пациент на Ахмети.

„Ние велиме дека не може да има избори во услови кога Албанците ќе бидат деградирани до тоа ниво. Ќе се создаде длабока политичка криза. Албанците нема да дозволат денот да продолжи како ништо да не се случило. Тоа е морална обврска, тоа е национална обврска, тоа е човечка обврска кон оние кои ги дале своите животи за овој јазик. И сега ќе се однесуваме како ништо да не се случило“ – изјави првоосомничениот во милионската афера „Пациент“.

За жал, Османи заборави дека анкетата стара само десетина недела покажа дека никој во државата не мисли како екипата од Мала Речица, осамен остров во загриженоста за „правата на Албанците“, кои си ги ползуваат истите како и секогаш.

Во анкетата на „Омнибус“ направена во периодот од 1 до 4 февруари 2025 година, беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1.150 испитаници од целата територија на Република Македонија. Истата, за голема жал и траор на ДУИ, покажа дека 39,2 насто од анкетираните сметаат дека меѓуетничките односи се подобруваат, скоро исто толку дека се на исто ниво, а само 16 насто сметаа дека се влошувале (СДС и ДУИ).

Во истата анкета, податоците покажуваат дека мнозинството граѓани веруваат дека одредени политички партии (читај ДУИ и СДС) намерно предизвикуваат меѓуетнички тензии со цел да ја поткопаат борбата против криминалот и корупцијата во институциите. Овие наоди сугерираат дека, иако постои свест за важноста на меѓуетничките односи, граѓаните се свесни и за предизвиците што произлегуваат од нивната политичка инструментализација. Со таков став се огромни 59,7 проценти од анкетираните.

Во превод, истовремено, анкетата на ОМНИБУС го демантира Османи околу загрозеноста на правата на Албанците, а во вториот дел истата ја потврдува злоупотребата на партиите (ДУИ) на меѓуетничките односи за поткопување н државата и борбата со корупцијата.

За желбата да спасат што се може од членството со локални заедно со предвремени парламентарни (во време кога актуелната влада ниже серија економски и дипломатски успеси) за да ДУИ превенира уште поголем дебакл и крах на редовните избори во 2028-та, народот кусо и јасно вели „гладна кокошка, сонила просо…“

 

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

„Кога ја земавме во раце почна да плаче, пред тоа не беше свесна“ – Спасувачот кој ја најде малата Дуња откри во каква состојба било девојчето

Следно

ВРЕДИ: ДУИ плаче за внимание, Ахмети е очаен

Latest from Blog

Најмалите деца најмногу шират вируси

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново

Филипче најави: Ќе се моли по мали партии, дали на повидок е КОАЛИЦИЈА СО ЛЕВИЦА?

Претседателот на СДСМ и воедно најголем губитник на локланите избори, најави дека ќе отвора широкфронт против власта, односно во превод – соочен со немоќта на сопствената партија во распад, сега ќе ги

Амбасадорот на ЕУ во Србија: Разочаран сум од реториката што се користи во врска со ЕУ

Амбасадорот на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат, денеска изјави за годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на патот кон ЕУ дека треба да „обезбеди мапа на патот“ за тоа
Go toTop