ДУИ се налути, Законот за коцкање повторно не помина во Парламентот

March 14, 2024
1 min read

Пропадна обидот на владејачкото мнозинство да го протурка Законот за игри на среќа. Откако претседателот Пендаровски првично не го потпиша указот, поради злоупотребата со европското знаменце на која укажа ЕУ, пратениците доцна синоќа го ставија предлогот повторно на гласање. Тие и овојпат решија да ја заобиколат редовната процедура и го користеа европското знаменце во трето читање. Но, иако имаше поддршка од 51 пратеник, законот сепак не е усвоен зашто беше неопходен 61 глас. Од Собранието појаснија дека процедурата сега е завршена, бидејќи само со 61 глас „за“ претседателот на државата би бил приморан да го потпише указот.

„Во оваа фаза прашањето беше околу стапување во сила на законот за што треба Претседателот на Собранието и Претседателот на Републиката да го потпишат Указот за негово прогласување и после да се објави во Службен весник. Бидејќи на повторното гласање немаше 61 пратеник (што е уставен услов) Претседателот нема обврска да го потпише указот и законот нема да стапи во сила“, наведуваат од Собранието.

Од разврската незадоволни останаа од ДУИ. Тие прстот го вперија кон Пендаровски, но и опозициските пратеници. Од партијата остануваат на ставот дека Пендаровски со непотпишувањето на указот направил, како што велат, голема грешка. Но, не им се лутат на поединечни пратеници од коалицискиот партнер СДСМ, кои не гласаа „за“.

„Паднаа сите маски, се престроивме сите вчера – кој го штити интересот на граѓаните, а кој ги штити интересите на казината“, рече Арбер Адеми – пратеник на ДУИ.

Од друга страна, од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа денеска истакнаа дека се спасени илјадници работни места.

„…мнозинството пратеници останаа доследни на ставот дека нема да дозволат злоупотреба на ЕУ знамето за законски измени кои немаат никаква врска со хармонизација со европското законодавство. Истовремено, сакаме да искажеме благодарност на официјалните претставници на ЕУ кои доблесно укажаа дека нема да премолчат злоупотреби“, рекоа од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа.

Претседателот претходно повика законот да се разгледува во редовна процедура, односно во широка дебата со сите засегнати страни. Тој побара да не се злоупотребува европското знаменце.

Лука Андреев

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Spotify“ најави голем новитет со кој ја почнува борбата со „YouTube“ – за што станува збор?

Следно

Обложувалниците не се селат подалеку од школите

Latest from Blog

Цветановски за Република: Изјавите на Кадриу го потврдуваат она што се случувало во СЈО, притисокот врз мене почна по предметот „Бонусите“

Изјавите на поранешната обвинителка Лејла Кадриу за случувањата во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не се изненадување за правосудната фела, вели вишиот јавен обвинител Јован Цветановски во интервју за „Република“. Според него, нејзините

Морничава теорија за тоа зошто Епштајн толку често во мејловите одговарал со „упс“

Анализирајќи ги шокантните тврдења и електронската пошта од објавените досиеја, набљудувачите претходно забележаа дека зборови како „пица“ и „сладолед“ се споменуваат невообичаено често и надвор од контекст, поттикнувајќи шпекулации за нивно скриено

Без струја и вода делови од Скопје

Без струја денеска од 9 до 15 часот ќе останат дел од улиците Тиквешка, Нов Живот, „Индира Гранди“, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Злетовска, Слан Дол, „Хаџи Јован Шишков“ во Општина Шуто

По речиси 90 години, Галуп веќе не ја мери поддршката за американските претседатели

„Галуп“, пионер во анкетите за поддршка на претседателите во Соединетите Американски Држави од 1930-тите, го менува својот фокус поради растечките закани од сегашниот претседател Доналд Трамп против анкетарите кои објавуваат неповолни резултати.

Викендов врнежи од дожд и заладување

Променливото време продолжува да доминира низ Македонија. Според најновите метеоролошки податоци, претстојниот викенд ќе донесе дестабилизација, врнежи од дожд и забележително заладување. Врнежи: Се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на места
Go toTop