ДУИ: Неопходно е да се испита улогата и одговорноста на УЈП за трагедијата во Кочани

March 23, 2025
1 min read

Од Демократската унија за интеграција велат дека , сѐ поизразени стануваат сомнежите во однос на професионалноста и кредибилитетот на институциите задолжени за спроведување на истрагата и самиот процес на утврдување на одговорност за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„И покрај тоа што МВР поднесува кривични пријави а Јавното обвинителство формално иницира истраги, нивната насока и обем предизвикуваат сериозна загриженост поради очигледното избегнување на неколку клучни аспекти од случајот, кои изгледа се свесно изоставени или намерно ограничени.  Во овој контекст, неопходно е да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на Управата за јавни приходи (УЈП) во целата оваа ситуација“ велат од ДУИ.

Како што истакнуваат ие, според информации објавени од истражувачките стории на медиумите, кабарето „Пулс“ било официјално затворено и пломбирано од страна на УЈП во втората половина на декември 2024 година, поради утврдени прекршувања поврзани со неиздавање на фискални сметки. 

„Сепак, и покрај тоа што фирмата што ја управувала дискотеката, ‘МММ Кафе ДООЕЛ Кочани’, имала блокирана сметка уште од јули 2024 година, истата повторно започнала со работа многу бргу, без никакви институционални пречки или законски санкции. Неповлекувањето на одлуката за забрана за работа односно недозволувањето за вршење на работа, би значело дека кабарето немаше да биде активно подолг период, а со тоа веројатно ни за кобната ноќ“ велат од ДУИ.

Според нив, овој потврден факт, отвора сериозни правни, но и политички прашања во врска со тоа како било возможно повторното отворање на дискотеката во вакви околности и кој и како имал влијание врз донесувањето на таквата одлука. 

„Јавноста со право бара одговори на сомнежите дека повторното отворање било резултат на политички притисок од страна на член во актуелната влада. Ако овие сомнежи се покажат како основани, тогаш тоа претставува директен атак врз владеењето на правото и демонстрира политичка интервенција во независноста на институциите. Оттука, се поставува прашањето дали токму овој политички притисок е причината поради која Обвинителството и полицијата свесно ја игнорираат оваа линија на истрага и ја штитат по секоја цена?“ прашуваат од ДУИ.

Според нив, ваквите наводи упатуваат на можна злоупотреба на службената положба и политичко влијание врз институционалните процеси, што повлекува и потенцијална кривична одговорност на сите инволвирани страни. 

„Вината треба да се бара таму каде што треба, а не таму каде што е невозможно да постои вина и причинско-последична врска со трагичниот случај“ велат од ДУИ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Русија ја нападна Украина со 147 дронови

Следно

ДУИ: Вината треба да се бара таму каде што треба, а не таму каде што е невозможно да постои вина

Latest from Blog

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop