ДУИ ќе ги проветрува сопствените редови

February 13, 2025
1 min read

Демократската унија за интеграција (ДУИ), преку соопштение до медиумите, ја информира јавноста дека ќе ги проветрува сопствените редови. Интехративците во годината на локалните избори порачуваат дека отпочнал сеопфатниот процес на реформи и ветинг во партијата, предводени од претседателот на партијата Али Ахмети и раководството на партијата.

Според партиското соопштение, оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на ДУИ за добро владеење и интегритет, поставувајќи, како што велат, нов стандард за политичките партии во регионот.

„Пратениците од ДУИ го отпочнаа процесот на реформи со проценка на ризик од корупција и го потпишаа Кодексот за добра пракса и интегритет на ДУИ. Овој кодекс е усогласен со Кодексот за добра практика на полето на политичките партии, усвоен со Резолуција на Венецијанската комисија и на Парламентарното собрание на Советот на Европа“, соопштуваат од ДУИ.

ДУИ, како што се наведува во соопштението, покрај пратениците, решително продолжува со проширување овој процес на ветинг таргетирајќи ги сите високи партиски функционери, членовите на Претседателството на партијата и раководството на локалните партиски ограноци.

„Со стратешкиот акциски план ДУИ има за цел не само да го зајакне ставот на партијата против корупцијата, туку и да ја поттикне културата на интегритет во политичките процеси. Како предводник на овие реформи, ДУИ поставува преседан за другите политички партии. Оваа иницијатива ја потврдува посветеноста на ДУИ за владеење на правото и ја демонстрира одлучноста на партијата за справување со корупцијата во сите сегменти. ДУИ е посветена на градење исклучителен институционален и личен интегритет“, нагласил претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Нашиот пристап, велат од ДУИ, е сеопфатен и добро планиран, со фокус на поединци со силен интегритет кои, како што посочуваат, ќе ја бранат антикорупциската агенда и ќе го движат процесот на ветинг. Посочуваат дека преку стратешките акции и непоколеблива посветеност, ДУИ останува посветена и решителна да предводи реформи преку својот личен пример, со крајна цел да изврши значајни промени во партијата, како и во националната рамка на владеење. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: После седум години девастиран систем, СДС глуми загриженост и продава демагогии, ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард

Следно

Зајкова: ЛДП не е под закрила на СДСМ, ЛДП е посебна партија!

Latest from Blog

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth

Хачико – Битола: Кучињата инволвирани во нападот врз дете не се бездомни туку се од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Хачико Битола: Случајот со каснатото дете се однесува на кучиња од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Македонска технологија во служба на европска престолнина – Возило на Green Machines чисти во Будимпешта

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е
Go toTop