ДУИ ја осудува трагедијата во Кочани, бара праведна и транспарентна истрага

March 21, 2025
1 min read

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува најискрено сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани и ја споделува тагата со сите граѓани погодени од оваа несреќа, велат од ДУИ во соопштение до јавноста.

„Во врска со одлуката на Јавното обвинителство за 30-дневен притвор на поранешниот министер Крешник Бектеши и други претставници на претходната влада, ДУИ сака да појасни неколку клучни аспекти пред јавноста: 

Прво, концептот на „верижни пропусти“ што довеле до трагедијата не постои во терминологијата на кривичниот законик. 

Секоја лиценца за вакви објекти се обновува на годишно ниво, земајќи ги предвид специфичните услови за таа година. 

Затоа, неточно е да се тврди дека постои континуирана одговорност без прекин низ годините. 

Второ, и најважно, во ноќта на трагедијата, клубот работел без никаква лиценца: веќе една година немал легитимна лиценца, а дури и фалсификуваната веќе била истечена.  

Ова подразбира дека главната одговорност лежи кај оние кои требало да го спречат функционирањето на ноќен клуб без лиценца таа кобна ноќ. 

Потребна е длабинска и непристрасна истрага за да се утврди како објект без лиценца можел да работи и да ги загрози животите на стотици млади луѓе. 

Трето, треба да се истакне дека издадените лиценци во минатото биле за кабаре, кое има специфични критериуми и ограничувања во бројот на дозволени лица. 

Ноќен клуб е сосема поинаква категорија, и присуството на над 650 млади луѓе во таков простор е надвор од секој безбедносен стандард, што, пак, јасно упатува на свесна или несвесна негрижа изминатава година, од страна на бројни актуелни државни органи. 

ДУИ ја изразува својата загриженост за неприфатливата супремација на владата врз обвинителството, што ја наруши довербата во истражниот процес. 

Фактот дека од 35-те приведени лица, само 1 или 2 се актуелни функционери, отвора сомнежи за селективна правда. 

Бараме правните процеси да бидат праведни, транспарентни и засновани на закон, без влијание од терминологија која не постои правната терминологија и кривичниот законик.

Во ова време на жалост, ДУИ не сака да влегува во обвинувања, туку има за цел да им објасни на граѓаните дека овој процес е неоснован, политички мотивиран и селективен, што може дополнително да ја комплицира и влоши ситуацијата. 

Стоиме покрај граѓаните и погодените семејства, барајќи правда и транспарентност во расветлувањето на оваа трагедија“, се вели во соопштението.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во понеделник протест и во Тетово, ќе се бара правда за Кочани, модуларната болница, Беса транс и Дурмо турс

Следно

Трамп најави производство на борбен авион Ф-47 од шестата генерација

Latest from Blog

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното

„Пред да се навредат обвинителите на Заев како Ленче Ристоска што им се одземаат предмети нека помислат дали треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО“

Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат,
Go toTop