ДУИ го создаде проблемот со пописот, сега глуми загриженост – обвинува ВЛЕН

August 23, 2025
1 min read

ВЛЕН реагираше на ставовите на Демократската унија за интеграција, обвинувајќи ја дека токму таа партија е одговорна за неправдите што денес ги прикажува како туѓи грешки.

„ДУИ се обидува да глуми загриженост за правично претставување на Албанците, но вистината е горка: тие самите ја создадоа неправдата што денес ја осудуваат,“ порача ВЛЕН.

Според движењето, законот за попис бил целосно подготвен, предложен и изгласан од министрите и пратениците на ДУИ, меѓу кои Бујар Османи, Артан Груби, Фатмир Бесими и Арбер Адеми. „Тие ги внесеа графите кои не постојат никаде во светот и дозволија нашите иселеници да бидат третирани како странци во сопствената држава,“ се вели во соопштението.

 

ВЛЕН оцени дека резултатот од пописот е „свесно намалување на бројот на Албанците и напад врз правичното претставување“, што го нарече „историска неправда и една од најголемите предавства кон албанската кауза“.

„Додека врвот на ДУИ се занимаваше со купување трговски центри, трговија со струја и бизниси со нафта, Албанците доживуваа неправди од државата,“ нагласи ВЛЕН.

Движењето додаде дека во 2021 година, кога се одржа пописот, ВЛЕН воопшто не постоел и затоа не може да сноси одговорност за политиките на ДУИ. „Нема амнестија за политичката вина. Нема да дозволиме бројките и достоинството на Албанците да бидат фалсификувани,“ порача ВЛЕН.

Во реакцијата се потсетува и на односот кон македонските Албанци во дијаспората и на, како што велат, половичните решенија за албанскиот јазик. „Како што манипулираа со пописот, така постапија и со вработувањата – повеќе од 10 години држеа луѓе со договори без регулиран статус, а денес без срам ги обвинуваат другите за сопствените грешки,“ се наведува во соопштението.

„ВЛЕН нема да дозволи повеќе неправди. Времето на измами заврши – сега е време на албанскиот граѓанин,“ завршува реакцијата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дневен хороскоп: Овенот е неодлучен, а Бикот да не ги потценува советите

Следно

Туристички автобус се преврте во западен Њујорк, има загинати

Latest from Blog

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на
Go toTop