ДУИ: Денес ќе ни биде демонстрирана моноетничката коалиција чија основна цел е да го преобликува политичкиот модел на државата

April 3, 2025
1 min read

Од ДУИ денеска велат дека нивните предупредувања денес во 14 часот ќе добијат облик, мислејќи на средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„На јавна сцена денес ќе ни биде демонстрирана моноетничката коалиција чија основна цел е да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка, во моноетничка демократија.

Иако на јавноста ќе ѝ бидат презентирани поинакви точки, дозволете да ви го презентираме дневниот ред на денешната средба кој нема да го видите во јавноста:

Точка 1: Неказнивоста. Како  да не одговарамат. Каков правосуден систем им треба за да можат да продолжат да се напаѓаат во јавноста, но суштински меѓусебно да се заштитат дури и кога во прашање ќе дојдат трагедии како онаа во Кочани

Точка 2: Како да се отстранат Албанците од сите нивоа на власт во државата, и потоа да се држат на периферијата на општествените текови

Овој план не е нов, туку е скорен пред три години преку ноторниот договор Мицкоски-Заев пред сѐ како заштитен чадор за транзициската олигархија во земјава. 

Планот веќе се реализира преку укинувањето на Балансерот, моноетничкото одлучување на Уставниот суд, но и отстранувањето на Албанците од голем број високи позиции во државната управа.

Треба да се напомене дека реализацијата на овој план е невозможна без да се пронајдат „чесните Албанци“ кои треба да обезбедат лажна легитимација за мултиетнички консензус на ова политичко преструктуирање. 

Го повикуваме целит политички и неполитички спектар на албанците  во државава, вклучително и лидерите на коалицијата ВРЕДИ, заедно или секој посебно, да изразат јасен и гласен револт против овој обид за реструктуирање на државата и да не дозволат да бидат вовлечени во планот за целосна дисквалификација на Албанците од општествените текови“, велат од ДУИ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поголеми пензии, ама и поголеми трошоци за живот

Следно

Продолжуваат протестите на Хаити поради безбедносната криза

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop