Дуда: Украина мора да добие авиони кои можат да се справуваат со руските

April 6, 2023
1 min read

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска истакна дека Украина мора да добие авиони кои ќе можат да се справат со руските воени воздухопловни сили и дека неговата земја е подготвена, покрај 14-те авиони МИГ 29 од советско производство што веќе ги издвои, постепено да ги испраќа и своите преостанати МИГ авиони кога ќе почнат да пристигнуваат, нарачани во Јужна Кореја и САД.

„Украина мора да има воздухопловство што ќе може да војува со руското воено воздухопловство, што ќе може да му се спротивстави. Се додека можеме да го постигнеме ова со авионите МИГ 29, тоа е добро затоа што украинските пилоти знаат како да ги управуваат. Но, и ние имаме недостиг од авиони МИГ 29, ни останаа само оние што ги користиме за патролирање во НАТО“, изјави Дуда во интервју за Полското радио.

Тој рече дека неговата земја нема да испрати авиони МИГ 29 во Украина, кои, како што призна, а предупредија и украинските власти, се застарени според стандардите на НАТО, се додека полското воено воздухопловство не добие 48 авиони ФА 50 од Јужна Кореја.

Во однос на американските авиони Ф-16, Дуда рече дека Украина не може да смета на нивна испорака од Полска, бидејќи, како што истакна, имаат малку од нив, потребно е да се обучат украинските пилоти за што треба многу време, а исто така потребно е и одобрение од САД.

„На самитот на НАТО во Вилнус во јуни ќе се обидеме да ги убедиме сојузниците дека не смее да се прекине помошта, за да не се појави негативен ефект што може да се нарече воен замор – доста е од оваа војна, да престанеме да помагаме, можеби војната ќе заврши. Ако престанеме да помагаме, таа војна ќе заврши со победа на Русија, а светот не смее да го дозволи тоа“, изјави Дуда. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон до Си: Убеден сум дека ќе ја вразумите Русија

Следно

Арапите со луда понуда тропнале и на вратата на Жозе Мурињо, му понудиле неверојатни 120 милиони

Latest from Blog

Проданоски: Ифтарска средба за граѓаните на Прилеп

По повод светиот месец Рамазан, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, организираше заедничка ифтарска вечера со сограѓани и пријатели од исламска вероисповед. Како што истакна Проданоски, ваквите настани претставуваат потврда дека меѓусебната

Трамп: Не ни треба помош од никого!

„Соединетите Американски Држави беа информирани од повеќето наши „сојузници“ во НАТО дека не сакаат да се вклучат во нашата воена операција против терористичкиот режим на Иран на Блискиот Исток, и покрај фактот

Пониски цени за над 300 лека, меѓу кои и „Ксарелто“ за третман на кардиоваскуларни заболувања

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно важечката методологија за формирање на цените. – Цените на лековите претставуваат клучен
Go toTop