Дубаи веќе не е рај за иселениците – животот станува прескап

September 2, 2025
1 min read

Сѐ повеќе странци се враќаат во своите матични земји, а популарната фраза од социјалните мрежи „Habibi, don’t come to Dubai“ станува реалност и надвор од интернетот.

Според финансискиот директор на осигурителната компанија „William Russell“, Рос Ирвајн, Дубаи полека го губи својот сјај. – Години наназад беше рај за иселениците – без даноци на плати, сонце во текот на целата година и динамичен живот. Но, трошоците за живот нагло пораснаа, цените на кириите достигнуваат рекорди, а образованието и здравството се сѐ поскапи. Секојдневните трошоци, од храна до забава, се значително поголеми од порано,  рече Ирвајн.

Чарли Морган, кој се преселил во Дубаи во 2023 година, по две години одлучил да си замине и покрај високата заработувачка. – Проблемот со Дубаи е што сите планираат да си одат. Тоа е град со ротирачки врати, изјави тој.

Многу Британци се жалат дека трошоците се неодржливи, а притисокот да се следи наметнатиот луксуз е преголем.

Дубаи денес е 15-ти најскап град за живот во светот и најскап на Блискиот Исток, со пораст на цените на недвижностите од 21 отсто – повеќе од Тел Авив, Мајами, Чикаго, Париз и Берлин, иако Лондон останува поскап. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Го продадоа за 145 милиони евра, а се простија со 37 зборови“

Следно

Овој актер го игра Владимир Путин, а еве како го маскираа: „Не се плашам од последици, но се скрив во глувчешка дупка додека се подготвував за улогата“

Latest from Blog

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад
Go toTop