Државниот завод за ревизија со сериозни забелешки – Не се знае што се доуредувало во „Борис Трајковски“ за состанокот на ОБСЕ

August 7, 2025
1 min read

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди серија неправилности и недоследности во работењето на Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, особено во врска со вложувањата поврзани со одржувањето на состанокот на ОБСЕ во 2023 година, затоплувањето на базенот и работењето на аква-паркот.

Во извештајот на ДЗР се посочува дека не постои евиденција за тоа што точно добил спортскиот центар од договорите склучени од Министерството за надворешни работи (МНР), кои се однесуваат на адаптацијата и уредувањето на објектот за потребите на меѓународниот настан. Според податоците, МНР спровело јавни набавки во вредност од над 124 милиони денари, но СРЦ „Борис Трајковски“ нема добиено записници за изведените работи и инсталираната опрема. И покрај склучениот договор за соработка меѓу институциите, не е утврдено што останало трајно во владение на спортскиот центар.

Ревизорите укажуваат и на проблеми со системот за загревање на базенот. Иако во 2014 година бил инсталиран соларен систем вреден речиси 26 милиони денари, неговата денешна вредност е значително намалена на околу 2,8 милиони. Системот функционирал со прекини сè до 2023 година, а поради сериозни технички недостатоци кај соларните панели, денес не е во функција и не е обезбедено соодветно решение.

Дополнителен проблем е и затворањето на аква-паркот, кој престанал со работа во 2024 година, откако истекол гаранциониот рок од 10 години на реквизитите, опремата и инсталациите. Ревизорите го посочуваат и економскиот аспект – одржувањето на аква-паркот станало финансиски неисплатливо.

ДЗР заклучува дека потребни се итни мерки за подобрување на управувањето со центарот и надминување на воочените пропусти, со цел заштита на јавните средства и обезбедување на ефикасно функционирање на овој значаен објект.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Високо ниво на суша во речиси цела Грција

Следно

Годинава ќе заборавиме како изгледа Ајвар

Latest from Blog

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера

Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони денари, Лајка во рок од 6 месеци добива над 700 пријави за заловување

Речиси 46 милиони денари, односно околу 750 илјади евра, исплатиле градските власти во изминатата година, како оштета на граѓани каснати од бездомни кучиња. Само до 24 јуни годинава, јавното претпријатие Лајка, кое

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој. Додека вкупното индустриско производство во јуни

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

ФОТО: FC Bayern Munich/fb Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на

НА ПОВИДОК Е ДОГОВОР ЗА ОРМУНСКИОТ ТЕСНЕЦ – Американски функционер : Се отвара клучниот воден пат и се обновува извозот на нафта

На повидок е договор за Ормунскиот Теснец, кој наскоро би можел да овозможи повторно отворање на овој клучен воден пат и да го обнови извозот на нафта, прекинат за време на петмесечната
Go toTop