Државата подготвува закон за враќање на рударството како столб на економијата

August 18, 2025
1 min read

Владата преку новиот предлог-закон за рударство испраќа сигнал дека сака повторно да ја врати оваа индустрија меѓу стратешките гранки на македонската економија.

Според колумнистот Виктор Грозданов, кој за Plusinfo.mk ја анализира новата законска рамка, ваквиот пристап може да отвори нови можности за економски развој и да го ублажи иселувањето на младите.Грозданов објаснува дека Македонија ќе има два одвоени закони – еден за рударството и друг за геологијата. На тој начин, рударството би се третирало како клучна индустрија со јасна регулација и засилена државна контрола.

Новата рамка предвидува строга постапка за сите фази: од геолошки истражувања и еколошки елаборати, до експлоатација и рехабилитација на искористените површини.„Само со јасна регулатива рударството може да стане повторно двигател на економијата и да помогне во спречување на белата чума“, потенцира Грозданов. Тој смета дека во процесот мора да бидат вклучени стручњаци од повеќе области – геолози, рудари, металурзи, економисти и лекари – за да се обезбеди економска одржливост, заштита на здравјето и зачувување на животната средина.

Во својата колумна, Грозданов потсетува и на примерот со хидроцентралата и рибникот на реката Дошница, изградени во 1952 година, каде и денес се мрестат стотици илјади пастрмки. Со тоа, како што вели, се покажува дека не секоја индустриска интервенција значи уништување на природата.Посебен акцент се става и на иднината на рударството без нови хидројаловишни брани. Компаниите „Генезис“ и „Иловица-Штука“ веќе работат на модели за искористување на ретки метали од постоечки јаловишта, што Грозданов го наведува како пример за нов пристап.

Тој најавува и две нови колумни до крајот на август, во кои ќе се осврне на „еко-лажговците“ и нивните политички врски, како и на злоупотребите во управувањето со хидро-системите и рударството.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Новата учебна година во Чаир започнува со подобри услови

Следно

Русија изврши жестоки напади врз Украина, Зеленски со порака: Москва мора да го слушне зборот „стоп“

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop