Драстичен пад на првачиња во Битола – само 529 ќе ја започнат учебната година

June 19, 2025
1 min read

Новата учебна година во Битола ќе започне со значително помал број на првоодделенци. Според податоците од Општина Битола, годинава во училиштата ќе седнат 529 првачиња, што е за 238 помалку од минатата година, кога беа запишани 767 ученици во прво одделение.

Најмал број првачиња се запишани во основните училишта „Александар Турунџев“ во Кукуречани, каде ќе учат само 10 деца, и во „Св. Кирил и Методиј“ во Битола, каде ќе започнат 24 ученици. Најголем број првоодделенци, вкупно 94, ќе ја започнат својата настава во ООУ „Св. Климент Охридски“.

Од секторот за образование при Општина Битола информираат дека трендот на намалување на бројот на првачиња е присутен во сите училишта. Според евиденцијата, во ООУ „Ѓорги Сугарев“ ќе учат 30 првачиња, во „Трифун Пановски“ се запишани 37, во „Коле Канински“ 43, а во „Гоце Делчев“ 45 ученици. Во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во селото Бистрица, оваа учебна година ќе учат само 30 првоодделенци.

Слична ситуација се бележи и во училиштата „Тодор Ангелески“, „Стив Наумов“, „Елпида Караманди“ и „Даме Груев“, каде исто така се регистрира помал број на запишани ученици во прво одделение.

Намалувањето на бројот на првачиња отвора прашања и предизвици за образовниот систем и локалната самоуправа, особено во контекст на демографските промени и миграцијата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Групна изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“ во Националната галерија

Следно

Тензиите меѓу Иран и Израел ја загрозуваат енергетската инфраструктура на Израел

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на

Фирмата во Скопје, на уапсениот Србин за 5 тони марихуана, работела со загуби, а одгледувала канабис за медицински цели

Иван Драгниќ, еден од српските државјанин, кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија, за пет тони марихуана, а за кои сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во
Go toTop