Драматична ситуација ноќеска во Европа: Поради сомнителни дронови затворени аеродромите во Копенхаген и во Осло

September 23, 2025
1 min read

Најголемиот дански аеродром Копенхаген, синоќа го сопре целиот сообраќај, откако во околината биле забележани сомнителни дронови, потврди полицијата.


После полноќ истото се случи и со аеродромот во норвешкиот главен град Осло. Дроновите биле забележани и над Норвешка, а уапсени се двајца државјани на Сингапур. Истрагата е во тек.

„Воздушниот простор над аеродромот во Осло е затворен поради нов извештај за дрон“, изјави Моника Фастинг, раководителка на комуникациите на аеродромот во Осло.


На двата аеродроми имаше засилено полициско присуство. Аеродромот во Копенхаген повторно се отвори некаде половина час после полноќ. Полицијата потврди дека биле видени 2-3 дронови, и биле над самиот аеродром.

Од утрово на двата аеродроми летовите се одвиваат со нормална динамика.



Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ги славиме светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора

Следно

Ливерпул се огласи откако Салах не ја доби „Златната топка“

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop