Доцни исплатата на породилното

July 16, 2026
1 min read

Наместо редовна финансиска исплата загарантирана со закон, неизвесност и доцнење. Мајки на породилно отсуство за Телевизија 24 реагираат дека речиси месец и половина им доцни надоместот.

Исплатата за мај им била исплатена јули, додека во мај од Фондот за здравство им го исплатиле надоместот за месец март. Револтирано, раскажуваат дека без надоместот тешко живеат па затоа од институциите се обидувале да добијат информација повеќе но оттаму, како што велат не им давале конкретни одговори.

– Јас земам надомест за породилно отсуство кој постојано доцни. За мај зедовме на 8 јули, а на 6 мај зедовме за март. Кога и да му пишеме мејл ни викаат следна недела и така секој месец не лажат. Јас со 12 години стаж замислете сега сум без денар.

Имам три деца на возраст од 5 ипол години, 2 ипол години и бебе од три месеци. Надоместот за породилно доцни. На 7 јули го зедов за мај. Една плата не ни стигнува дома, децата имаат потреби. Не можам да им кажам на децата чекајте, државата нема пари да исплати. Ни споменаа дека и јунските исплати ќе доцнат.

Само се фалат дека се е исплатено а ништо не е. Доцнеа и по три месеци со исплата. Си гледаат само нивните плати да се во ред и на време исплатени.

Од Фондот за здравствено осигурување за Телевизија 24 велат дека не станува збор за прекин на исплатите, туку за континуиран процес на обработка и исплата на предметите согласно законски утврдената постапка. Објаснуваат дека во тек е исплатата за месец јуни.

Во текот на месец мај 2026 година, Фондот по основ на надоместок на плата за породилно отсуство исплати вкупно 308.007.565 денари. Дополнително, во периодот од 1 јули до денес, по основ на надоместок на плата за породилно отсуство се исплатени 111.530.788 денари, при што најголемиот дел од овие исплати се однесуваат на надоместоци за месец јуни. Исплатата продолжува и понатаму.

Но спротивно на она што го кажуваат од Фондот, една од мајките со нас сподели фотографија од комуникација со некој од вработените во Фондот за здравство кој и кажува дека исплатата за јуни се уште не е почната.

Телевизија 24 испрати прашања и до министерството за социјална политика демографија и млади за тоа зошто се доцни исплатата и дали тие како министерство се информирани за тоа но оттаму ни одговорија дека не се надлежни и ни посочија да се обратиме до Фондот за здравство.

Во однос на исплатата на породилното отсуство, во држава која се стреми да го зголеми наталитетот и честопати функционерите зборуваат на темата дека добро е да се раѓаат повеќе деца, и претходно се случувало да имало доцнење, одговорот на Фондот речиси секогаш бил дека не станува збор за доцнење туку за процес на обработка на документи.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски во Вашингтон на покана од Рубио, ќе учествува на конференција за политичкиот тероризам

Следно

Пробиштип субвенционира клими, сончеви колектори и велосипеди – почна пријавувањето за 2026 година

Latest from Blog

Со новиот договор Луис Енрике ќе зема двојно поголема плата во ПСЖ

Фото: ПСЖ Х Шпанскиот стручњак Луис Енрике неодамна го продолжи договорот со актуелниот француски и европски шампион ПСЖ. Договорот беше продолжен до 2030 година, но за време на официјалното објавување на таа

По заканите од Аргентина и пораките на Трамп, Британија бара повеќе пари за одбрана на Фокландите

Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси од Лабуристичката партија, денеска изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во врска со Фолкландските Острови ја истакнуваат потребата Велика Британија

ВЛЕН: Растат инвестициите, извозот и индустријата – економијата со раст од 4,3 отсто

Економскиот раст од 4,3 отсто во вториот кварталпретставува позитивен сигнал за македонската економија, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека зад растот стојат зголемените инвестиции, извозот и производството. Според податоците што ги презентира

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци. На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број
Go toTop