Доста ни е од информатичари, СЕ БАРААТ ЅИДАРИ, ЗАВАРУВАЧИ, МЕХАНИЧАРИ, ЗАНАЕТЧИИ…

January 15, 2026
1 min read

Според податоците од веб-страниците на Infostud за вработување и кариерен развој (Jobs Infostud, HelloWorld и Startuj Infostud), пазарот на трудот во Србија влезе во фаза на видливо забавување во текот на 2025 година, што најјасно се одразува во помалиот број објавени огласи.

Во текот на 2025 година, објавени се вкупно 62.632 огласи за работа, што е за околу 15% помалку отколку во 2024 година. Иако бројот на огласи е помал, структурата на побарувачката покажува дека потребите на економијата се уште се јасно дефинирани, но дека вработувањето се врши повнимателно и селективно.

Најмногу огласи се објавени во областа на трговијата, по што следуваат производството, како и во услужните дејности и занаетите. Меѓу петте најбарани области се ИТ секторот и угостителската индустрија. Овој редослед на најбарани области потврдува дека пазарот на трудот сè уште се базира на оперативни и услужни работни места, кои ја формираат основата на секојдневното функционирање на економијата.

Гледано по занимања, најбарани биле продавачи, магацински работници, производствени работници и административни работници, како и возачи и продавачи. Ова покажува дека, и покрај помалку огласи, побарувачката за специфични и применливи вештини не се намалила.

Недостатокот на работници е сè поизразен во занаетчиските и квалификуваните занимања

Во текот на 2025 година, исто така, постои изразен недостаток на работна сила во занаетчиските и квалификуваните занимања, што директно се одразува на нивото на просечните понудени плати. Во просек, работодавачите нуделе околу 226.500 динари (околу 2.000 евра)  за ѕидари, додека механичарите можеле да очекуваат просечна плата од околу 220.800 динари.

Меѓу занимањата со висок дефицит се каросериските работници, со просечна понудена плата од околу 146.000 динари, како и автомеханичарите, за кои се нуделе просечно околу 130.000 динари (околу 1.100 евра).

Дефицитот е изразен и во услужните и занаетчиските дејности, каде што на фризерите им се нуделе просечно околу 114.000 динари, на лимарите околу 112.000 динари (околу 1.000 евра), на козметичарите околу 107.000 динари, додека пекарите можеле да очекуваат просечна плата од околу 102.000 динари.

На листата на професии што се дефицитарни се наоѓа и дипломиран ветеринар, со просечна понудена плата од околу 115.500 динари.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најстариот и некогаш најголем леден брег полека заминува во историјата

Следно

КОГА СЛЕПО ВЕРУВАШ НА ТЕХНИКА ЕВЕ КАДЕ ЗАВРШУВАШ… За среќа, овој пат без последици

Latest from Blog

Меџити: Засилена меѓуопштинска соработка со Турција

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со градоначалникот на општината Каѓитане од Истанбул, Мевлут Озтекин, придружуван од негови соработници и советници. Како што информира Меџити, Каѓитане важи за една

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, за МИА информираат дека досега повеќе од 150

Карик е на чекор да го урне рекордот на непобедливост на клупата на Манчестер Ј.

фото: Manchester Utd (X) Вршителот на должноста менаџер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик е непоразен на своите први 10 натпревари како тренер на Манчестер Јунајтед, откако денеска „црвените ѓаволи“ со пресврт дојдоа
Go toTop