Досега се откупени над еден милион килограми тутун

December 4, 2025
1 min read

Согласно Законот за тутун и тутунски производи, откупната сезона најрано може да почне на 15 ноември, а крајниот датум за почеток на откуп е 15 декември. Во овој момент не е пробиен законскиот рок за да започне откупот на тутунот. Според последните информации што ги добивам од Сојузот, од теренот и од самите земјоделци, најголем дел од компаниите веќе имаат започнато со откуп на тутун од оваа реколта“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој посочи дека, според податоците на Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени над еден милион килограми тутун.

„Од тие над еден милион килограми, околу 967.000 килограми се откупени како прва категорија, а многу мала количина како втора и трета категорија. Просечната откупна цена по килограм изнесува 419 денари, што е за речиси 19–20 денари повисоко од минатогодишната сезона, каде што заврши на 400 денари по килограм“, појасни министерот Трипуновски.

Министерот додаде дека очекува оваа откупна сезона да заврши навремено и со правилно вреднување на класите на тутунот.

„Би сакал да потенцирам дека годинава тутунарите добија државна поддршка за зелена нафта со значајна литража, што сериозно влијае на намалување на производните трошоци“, нагласи тој.

Трипуновски истакна дека Министерството ќе го следи целиот процес на откуп на тутун, а крајниот рок за завршување на откупот е крајот на февруари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаја Туре за Гвардиола: „Тој човек е змија, тој човек е САТАНА“!

Следно

ФОТО: Прогласена бојата за 2026 – Нов тренд во модата и ентериерот

Latest from Blog

Проданоски: Почитта и еднаквите можности за жените треба да бидат секојдневие

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, им го честиташе празникот на бројни жени кои секојдневно придонесуваат за развојот и напредокот на општината. Вчерашниот

ЈКП Комуналец – Прилеп: Исчистен комплексот „Езеро“, апел до граѓаните да ја чуваат природата

Спортско-рекреативниот комплекс „Езеро“ во Прилеп и неговата поширока околина се темелно и целосно исчистени и подготвени да ги пречекаат прилепчани за претстојниот сончев викенд, информираат од ЈКП Комуналец – Прилеп. Од јавното

Комерцијална банка и Алкалоид ја водеа ликвидноста – неделата со 94,71 милиони денари промет

Блок-трансакција со Алкалоид од 23,94 милиони денари ја обележа неделата – најголеми падови кај Шпаркасе и ТТК Банка Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.
Go toTop