Донарума се повреди, нема да брани за ПСЖ на дуелот против Џирона во ЛШ

September 16, 2024
1 min read

Францускиот шампион ПСЖ објави дека на почетокот на новата сезона од Лигата на шампионите ќе биде без својот прв голман, Италијанецот Џанлуиџи Донарума. Во последниот натпревар од првенството, против Брест, 25-годишниот Донарума заработил повреда на бутниот мускул, поради што ќе отсуствува од терените наредните десетина дена.

На почетокот на Лигата на шампионите, ПСЖ ќе игра на домашен терен против Џирона в среда, а поради повредата на Донарума, шанса ќе добие 25-годишниот руски голман Матвеј Сафонов.

Во домашната Лига 1, ПСЖ ја отвори сезоната со четири победи во четири натпревари и гол-разлика, 16-3.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Веќе 346 дена траат израелските напади врз Газа во кои се убиени 41.226 Палестинци

Следно

Таравари: До крајот на годината трајни вработувања за половина од здравствените работници со договори

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop