Донарума: Мојата прва опција е да останам во Пари Сен Жермен

June 4, 2025
1 min read

Голманот на Пари Сен Жермен и репрезентацијата на Италија, Џанлуиџи Донарума, беше прашан за неговата иднина. Ова се случи на прес-конференцијата на „азурите“ пред квалификацискиот натпревар за светското првенство против Норвешка. Италијанецот има договор со ПСЖ до 2026 година и очигледно чека нова понуда од европскиот шампион.

-Клубот ќе одлучи дали да го продолжи мојот договор или не. Се чувствувам добро во Париз. Не знам дали мојот агент имал состанок со Интер. Подготвен сум на сè, но мојата прва опција е да останам во Париз – таму најдов рамнотежа, тимот и навивачите ме сакаат и се надевам дека ќе поминам уште многу години. Можеби еден ден ќе се вратам во Италија, рече 26-годишниот голман.

За тоа кој е најдобриот период од неговата кариера, изјави дека тоа е она што го доживува денес.

-Имаше тешки моменти, на пример кога се вратив во Коверчијано откако го напуштив Милан. Мислам дека не бев пречекан онака како што заслужував. Сега сум среќен што повторно ја откривам самодовербата и рамнотежата, заклучи Џанлуиџи Донарума.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Речиси 2 милиона муслимани започнаа со обредите на аџилакот во Мека

Следно

Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop