Донарума го напушта ПСЖ ?

August 1, 2025
1 min read

Голманот на европскиот првак ПСЖ Италијанецот Џанлуиџи Донарума можно е да го напушти клубот. Тој ланската сезона освои три пехари со ПСЖ: Лигата на шампионите, Лига 1 (француското првенство) и францускиот куп. Притоа на 47 натпревари прими 43 голови, а на 17 неговата мрежа остана незатресена.

Проблем за клубот од Париз е неговата плата од 12 милиони евра по сезона, но и можноста на крајот од новата сезона да си замине без обештетување. ПСЖ сака да избегне повторување на случајот со Килијан Мбапе, кога си замина без обештетување од клубот.

За италијанскиот репрезентативец интерес има од екипи од Премиер лигата, според британските медиуми можен е трансфер во Манчестер Јунајтед. Но, се споменува можен трансфер и во Галатасарај, а интерес има и кај клубови од Саудиска Арабија.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел насилно ја раселува палестинската бедуинска заедница на Западниот Брег втор пат за еден месец

Следно

„Туркиш ерлајнс“ ги обнови летовите од Истанбул до сириски Алепо

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop