Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД

January 20, 2025
3 mins read

ВАШИНГТОН (АА) – Доналд Трамп положи заклетва за својот втор мандат на функцијата претседател на Соединетите Американски Држави (САД), најавувајќи голема промена во американската влада, јавува Анадолу.

„Златното доба на Америка започнува токму сега“, рече Трамп неколку минути откако положи заклетва на церемонијата одржана во Капитол Ротонда, прва од 1985 година кога Роналд Реган ја премести церемонијата во затворен простор поради исклучително ниските температури.

„Ќе бидеме земја како ниедна друга, полна со сочувство, храброст и исклучителност, нашата моќ ќе ги запре сите војни и ќе донесе нов дух на единство во светот кој е лут, насилен и тотално непредвидлив. Америка повторно ќе биде почитувана и ќе бидеме горди, ќе ѝ се воодушевуваат повторно, луѓето со религија, верба и добра волја. Ќе бидеме просперитетни. Ќе бидеме горди, ќе бидеме силни и ќе победиме како никогаш досега. Нема да бидеме освоени, нема да бидеме заплашени, нема да бидеме скршени и нема да неуспееме. Од овој ден па натаму Соединетите Американски Држави ќе бидат слободна, суверена и независна нација“, додаде Трамп.

Тој не ја стави раката на Библијата при положувањето заклетва, што го означи неговото најново отстапување од традицијата. Останува нејасно зошто не го стори тоа.

Трамп рече дека неговата изборна победа на 5 ноември „е мандат за целосно поништување на ужасното предавство и многуте други предавства што се случија, и да се врати кај народот неговата верба, демократијата. И навистина, неговата слобода. Од овој момент, надолниот тренд на Америка заврши“. Трамп рече дека бил „спасен од Бога за да ја направам Америка повторно голема“, мислејќи на обидот за негов атентат во јули кога загина еден од учесниците на митингот и кога тој беше повреден.

Тој се осврна на неколку извршни уредби што наскоро треба ќе ги потпише, меѓу кои и акции кои ќе ја запрат миграцијата, објава на вонредна состојба по должината на американско-мексиканската граница, серија миграциски рации низ целата земја, враќање на неговата политика „Остани во Мексико“ и прогласување на картелите за странски терористички организации.

„Имаме влада која даде неограничени средства за одбрана на странските граници, но одбива да ги брани американските граници или, уште поважно, сопствениот народ“, рече тој.

Белата куќа во последователното соопштение во однос на мигрантите истакна дека ќе се посвети внимание на „рекордните гранични премини на криминални вонземјани под претходната администрација“. Се додава дека програмите за преселување бегалци ќе бидат стопирани, а Американските вооружени сили „ќе се вклучат во безбедноста на границите“, вклучително и распоредување на војници долж границата за да „помогнат на постоечкиот персонал за спроведување на законот“.

Се наведува дека меѓу картелите кои ќе бидат прогласени за странски терористички организации е „Трен де Арагуа“, транснационална криминална организација од Венецуела. Трамп планира да го искористи Законот за надворешни непријатели за да ги отстрани познатите соработници на картелот од САД.

Министерството за правда дополнително ќе биде фокусирано да бара смртна казна за лицата осудени за убиство на службеник за спроведување на законот и за нерегуларните мигранти „кои осакатуваат и убиваат Американци“.

Трамп рече дека ќе прогласи национална вонредна состојба за да го прошири производството на фосилни горива. „Повторно ќе бидеме богата нација и тоа течно злато под нашите нозе ќе помогне да го реализираме тоа“.

Тој понатаму нагласи дека ќе објави владина политика за признавање на само два пола – машки и женски.

Осврнувајќи се на надворешната политика, Трамп рече дека неговиот успех ќе се мери „не само со битките што ги добиваме, туку и со војните што ги завршуваме, а можеби и најважно по војните во кои никогаш нема да влеземе“.

„Моето најгордо наследство ќе биде наследството на миротворец и обединувач. Тоа е она што сакам да бидам, миротворец и обединувач“, нагласи тој.

Трамп го пофали неодамнешниот договор за прекин на огнот во опколениот Појас Газа кој стапи на сила вчера. „Заложниците на Блискиот Исток се враќаат дома кај своите семејства“, рече тој.

Поранешниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис се придружија на аплаузот што следеше по обраќањето, еден од ретките моменти кога тоа го направија за време на говорот на Трамп во кој тој постојано ја напаѓаше поранешната администрација.

По инаугурацијата, претседателот заминува кон Капитал Уан арената, каде што ќе им се обрати на своите поддржувачи за време на собирот на кој ќе има и претседателска парада.

Не се знае како парадата, која вообичаено се одржуваше на отворено од Капитол преку Авенијата Пенсилванија до Белата куќа, ќе биде одржана во арената на затворено.

Трамп во петокот објави дека неговата инаугурација ќе се одржи во затворен простор поради ниските температури низ регионот на главниот град.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Васев: Мицкоски во Вашингтон ја промовира Македонија на начин како што никогаш ниту еден политичар порано не ја промовирал

Следно

Крамарска во Аргумент плус: Очекувам Трамп да ги седне на маса Русија и Украина

Latest from Blog

По Илире Даути, повторно Илире Даути?

Од ДУИ велат дека до крајот на неделата, можно е да достават име за нов претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. Но, од таму не ја исклучуваат можноста

Наумовски во 24 анализа: Трамп има отворени раце и очекувам да биде многу радикален

Поранешниот амбасадор Васко Наумовски во 24 анализа рече дека Трамп во неговиот втор мандат се очекува да биде многу радикален. Според него, тој има отворени раце за остварување на своите предизборни ветувања

ФОТО: Еве од каде Мицкоски ја следеше инаугурацијата на Доналд Трамп

И премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски присуствуваше на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Како што објави на своите социјални мрежи, тој овој настан го следеше од Вип ложата во

Амбулантите преполни од грип: Пикот се очекува во февруари, најпогодени децата

Респираторните инфекции се во пораст, а амбулантите низ целата земја се преполни со пациенти заболени од сезонски грип. На Клиниката за детски белодробни заболувања во Козле, дневно се вршат до 200 прегледи,

Министерот Ристовски со цврсти аргументи ги разобличи нападите од опозицијата

Опозицијата во македонската политика, денес испрати обвинувања на сметка до Министерството за спорт и работата на првиот човек од оваа институција, Борко Ристовски. На прес-конференција, од СДСМ излегоа со став дека ,,Со
Go toTop