Долго очекуваната слобода: Хамас ги ослободи заложниците

October 13, 2025
1 min read

Радост, неверување и две години чекање собрани во еден момент. Ова се сцените од домот на семејството Бохбот, откако добија вест дека нивниот Елкана, по 738 дена поминати во заробеништво во Газа, конечно се враќа дома.


Ахува Хамо за првпат по две години го слушнала гласот на својот син, кој ѝ се јавил непосредно пред да биде предаден на Црвениот крст.

„Многу сум возбудена. Го видовме Елкана на видео, на Facetime, сестра ми разговараше со него и беше многу емотивно. Таа вели дека тој стои на нозе, се смее и ѝ рекол – мамо, добро сум, добро сум.“, вели Хамо.


Елкана се очекува да биде дел од втората група заложници што ќе бидат ослободени во текот на денот. Според договорот за прекин на огнот, Хамас денеска ослободи седум заложници, а се очекува вкупната бројка да достигне 20. За возврат, Израел ќе ослободи над 1.900 палестински затвореници.

Над 65.000 Израелци славеа на Плоштадот на заложниците.


Договорот вклучува и предавање на телата на 28 починати заложници, иако времето за тоа сè уште не е прецизирано.

Американскиот претседател Доналд Трамп, чие посредништво доведе до прекин на огнот во Појасот Газа и чиј авион слета во Израел, пристигна во израелскиот парламент. Беше пречекан со стоечки овации.

„Господине претседателе, денес ве поздравуваме овде за да ви се заблагодариме за вашето клучно водство во поднесувањето предлог кој доби поддршка од речиси целиот свет, предлог, предлог кој ги враќа сите наши заложници дома.“, изјави Нетанјаху.

„И по толку многу години непрекината војна и бескрајна опасност, денес небото е мирно, оружјата се тивки, сирените се мирни и сонцето изгрева на света земја која конечно е во мир – земја и регион кој ќе живее, со Божја волја, во мир за цела вечност.“, рече Трамп.

Израел ја започна својата воена операција во Појасот Газа откако милитантите на Хамас извршија невиден напад врз еврејската држава на 7 октомври 2023 година.

„Доналд Трамп е најголемиот пријател што државата Израел некогаш го имала во Белата куќа.“, изјави Нетанјаху.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Мицкоски: Клучката кај Момин поток е еден од врвните приоритети

Следно

Де ла Фуенте со 2 милиони евра е европски првак, а Пикси со 1,5 милиони ја бламираше својата земја!

Latest from Blog

Четворица уапсени за планирање бомбашки напад врз руски офицер во Москва

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денес соопшти дека уапсила четири лица кои планирале атентат врз неименуван висок воен офицер со детонирање на рачно изработена бомба. „ФСБ спречи терористички напад врз висок

Делегација од военото турско воздухопловство во посета на вВИНГ на АРМ

Во период 06-10.10.2025 година, во воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) се реализираше активноста „Штабни разговори од областа на воздухопловството со делегација на военото воздухопловство на Република Турција“ од планот за билатерална соработка за 2025

Европската комисија со поддршка за проектите на 4iG за дигитална инфраструктура и подморски кабли на Западен Балкан

Заедничка декларација потпишана денес во Тирана на Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан На Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан што се одржа во Тирана, групацијата 4iG потпиша заедничка декларација со Европската комисија и GÉANT, паневропската

Комерцијална банка, Макпетрол и Алкалоид со најголем дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 13 октомври 2025 година, индексот МБИ10 забележа раст од 0,51%, достигнувајќи ниво од 10.361,05
Go toTop