„Доказите се обезбедени од апликацијата Скај“ – Уапсени двајца полицајци: Оддавале службени тајни на „Дуќанџик“

November 4, 2024
1 min read

Полицијата во акција со Јавното обвинителство уапси три лица. Како што соопштува Обвинителството, двајца полицајци, сега во пензија и уште едно лице се уапсени бидејќи оддавале службени тајни од досието на групата од Грчец. Осомничените, во период од декември 2019 до март 2021 извршиле кривично дело Криминална соработка и откривање службена тајна.

„Осомничените, заедно или одделно, со информациите кои ги споделиле, го отежнале потврдувањето во кривична постапка: за Убиство во 2020, осомничените споделиле важни информации за криминалната група; Истата година осомничените споделиле службени информации за спроведување посебни истражни мерки за тогашната кривична истрага под кодот “Планина“ во која биле опфатени лица од оваа организирана група и за двојното убиство во март 2021 во Скопје“, велат од ОЈО-ГОКК.

Од МВР соопштија дека поднеле кривична пријава за лицата Д. Г. (58), Е.А. (58) и О.П. (44), сите од Скопје, бидејќи истите се сомничат за поврзаност со групата од Грчец. Од МВР велат дека доказите се обезбедени при контрола на апликацијата СКАЈ каде се одвивала комуникацијата на групата која се сомничи дека се занимавала со разни криминални дејствија, вклучително и  транспортот на дрогата од Јужна Америка во земјите на ЕУ и Македонија.

И министерот на внатрешни работи, Панче Тошковски потврди дека три лица се уапсени како осомничени за поврзаност со групата од Грчец. Тошковски рече дека двајца од нив се екс полициски службеници сега во пензија, а додаде дека материјалите против нив се обезбедени од апликацијата СКАЈ.

Според Обвинителството, доказните материјали најпрво за првиот осомничен покажал дека тој и негови роднини поседуваат движен и недвижен имот и штедни влогови, кои ги надминуваат неговите приходи како полициски службеник.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ајде да се запознаеме“, повикува амбасадата на Грција со серија проекции на грчки филмови

Следно

Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост:Секој изгубен живот остава трага во општеството- како Влада стоиме рамо до рамо со нашите соседи

Latest from Blog

Акциите на Тесла скокнаа откако Маск потврди дека тестира беспилотно роботско такси

Акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 5 проценти на највисоко ниво за речиси една година откако нејзиниот сопственик Илон Маск потврди дека американскиот производител на електрични возила тестира роботско такси без монитори

Неверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!

ФОТО: arkadag-fk.com Неверојатно. Невидена доминација на еден клуб во својата земја, а основан е во 2023 година. Фудбалската сезона во Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, заврши. Шампион е

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора
Go toTop