„ДОБРО Е, УСПЕАВМЕ“ Истражувач во солзи по 13 години потрага по редок цвет

November 24, 2025
1 min read

Во срцето на индонезискиот остров Суматра, биологот Крис
Торогуд од Универзитетот во Оксфорд доживеа момент што ќе го памети до крајот
на животот.

Тој помина денови и ноќи пребарувајќи ја џунглата, полна
со тигри, во потрага по исклучително ретко растение, и на крајот успеа да го
пронајде и сè го сними на камера.

„Добро е, успеавме“

Ова е растение кое ги произведува најголемите цветови во
светот (до еден метар во дијаметар), додека развојот на пупката трае дури девет
месеци.

Откривањето на неверојатниот цвет, наречен Rafflesia
hasseltii, го расплака локалниот водич Септијајн Андрики, објавува Дејли Меил.

„Добро е, успеавме! Го најдовме“, д-р Торогуд го утеши  својот колега.

Му се заканува истребување

Rafflesia hasseltii произведува непријатен мирис што
привлекува муви и бубачки – кои носат полен, осигурувајќи дека растението се
размножува во густи тропски шуми.

Постојат неколку варијанти, но Rafflesia hasseltii се
издвојува по својата необичност. Познат локално под името Cendawan Muca Rimau,
што значи „тигрова глава“, расте само во оддалечен дел од џунглата на Западна
Суматра, каде што влезот е можен со посебна дозвола.

Д-р Торогуд предводеше истражувачка експедиција за да го
пронајде и проучи необичното растение, кое е загрозено од истребување. Се
проценува дека 60% од сите видови Rafflesia се соочуваат со сериозен ризик од
истребување, додека 67% од познатите живеалишта не се во заштитени подрачја.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аморим: Го разбирам незадоволството на некои од играчите, но клубот е најважен

Следно

Влезници за „Златните глобуси“ се продаваат за над 60.000 евра

Latest from Blog

Милан се спаси од пораз кај Фиорентина (ВИДЕО)

Екипата на Фиорентина освои огромен бод на домашен терен против тимот на Милан во ремито 1:1. Екипата од Фиренца се наоѓа во многу лоша резултатска состојба и бодовите до крајот на шампионатот

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“

Личните податоци на најмалку 17,5 милиони корисници на Инстаграм наводно протекоа и се споделени на „дарк веб“ (dark web), што предизвика сериозна загриженост за приватноста и безбедноста на платформата, јави Анадолија. Компанијата

Џенифер Лоренс за снимањето жешки сцени: Подобро е со странец (ВИДЕО)

Таа ги објасни своите необични преференции во едно неодамнешно интервју, а нејзиното искуство фрла нова светлина врз еден од најпредизвикувачките аспекти на глумата. Сцените со секс често се предмет на дебата во
Go toTop