До мај нов паркинг на Клиничкиот центар

December 29, 2025
1 min read

Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања за паркингот на Клиничкиот центар, рече дека некаде до мај „ќе имаме паркинг што ќе биде потполно нов со ‘смарт’ – инфраструктура и катна гаража“.

Тој појасни дека имало административен проблем во врска со инфраструктурата на паркингот на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Министерот информираше и дека заедно со Министерството за образование и наука креираат национална стратегија за 10 години за да може да креираат профил на здравствени работници и професионалци, таму каде што е потребно.

– Тоа не може да се направи ниту за една година ниту за четири години. Знаете дека минимум шест години ни требаат за да се креира профил на доктор, одговори тој на новинарско прашање, по посетата на реконструираната Клиника за гинекологија и акушерство.

Министерот исто така потсети дека заедно со Владата ќе набават 100 амбулантни возила, а за 2027 година најави уште 50.

– Значи, за кратко време ќе има плус 150 амбулантни возила што ќе бидат опремени соодветно за да може да ги опслужат нашите граѓани, подвлече министерот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кому ќе му припадне богатството на Брижит Бардо- единствениот син не е ниту споменат во тестаментот

Следно

Тоневски: Благодарност до граѓаните и компаниите за поддршката на Кико

Latest from Blog

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop