До крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за потрошувачката кошничка

February 11, 2025
1 min read

Најдоцна до крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за пресметка на минималните трошоци на едно семејство, најавува министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Тој вечерва за телевизија „Сител“ изјави дека во Министерството за економија и труд вчера е одржан еден состанок, но дека ќе следуваат уште неколку по што новата методологија ќе биде презентирана на седница на Економско-социјалниот совет.

Според Дурмиши, во синдикалната потрошувачка кошничка има производи кои не треба да бидат дел од основната потрошувачка кошничка.

-Вчера имавме состанок во Министерството за економија и труд каде имаше претставници од министерствата за финансии и за земјоделство, од Царина, од Државниот завод за статистика и од Пазарниот инспекторат. Беше прв состанок за да направиме нова методологија како ќе ја мериме минималната потрошувачка кошничка бидејќи во синдикалната потрошувачка кошничка има производи на кои не им е местото таму. Имаат многу производи кои не се трошат, а се ставени таму како на пример нескафето и се земени цените од онлајн купување. Треба да се земат цените од трите маркети и да се земе една просечна цена, рече Дурмиши.

За минималната плата за која во март треба да има усогласување, Дурмиши вели дека таа ќе биде зголемена согласно законот, а доколку синдикатите сакаат друга висина на минималната плата треба да се договорат со работодавачите, а Владата ќе го поддржи тоа решение, но ќе мора да се видат и финансиските импликации.

Во однос на измените на Законот за недела неработен ден, Дурмиши вели дека на одредени дејности треба да им се дозволи да работат во недела, но не целосно да се укине недела како неработен ден.

-Поради тоа што некои синдикати го изгубија правото на репрезентативност значи треба да се додадат нови синдикати кои ќе бидат репрезентативни, минатата седница немавме основа да донесеме одлука. Додека да се одлучи кој ќе бидат новите синдикати кои ќе бидат репрезентативни не може да донесеме одлука, рече Дурмиши.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Земјотрес регистриран во околината на Задар

Следно

Спасовски: Големи се лицемерието и двојните аршини на ВМРО-ДПМНЕ во случајот со пратеникот Сергеј Попов

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop