До 14 часот вкупно 12 пожари- од нив шест активни, три под контрола

September 1, 2024
1 min read

Центарот за управување со кризи попладнево информира дека во текот на денешниот ден до 14 часот имало вкупно 12 пожари на отворено од кои шест се активни, три под контрола и три изгаснати.

Активни се пожарите на планината Мукос меѓу селата Степанци, Оморани и Ораов Дол каде гори мешана шума и во селото Долно Јаболчиште кон планинскиот масив Лисец во општина Чашка каде гори ниска вегетација. Активни пожари има и во општина Долнени меѓу селата Десово и Дреновци, и во општина Прилеп меѓу селата Пештани, Кокре и Кален каде е опожарена ниска вегетација. И во општина Штип меѓу селата Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, полигон Криволак има пожар, како и меѓу селата Студеничани-Моране во општина Студеничани.

Под контрола се пожарите кај селото Дурфулија во општина Лозово, кај селото Острец во општина Битола и кај селото Србиново кон Железна рака во општина Гостивар.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зоолошката градина во Скопје полни 98 години – Овој 1 септември само Галетановски се сети на роденденот

Следно

Ердоган и Бин Салман разговараа за војната во Газа

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop