До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците

April 18, 2025
1 min read

Трговците од денеска имаат обврска на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите. Цените треба да бидат објавени на нивните веб страници во посебен дел и да се ажурираат секој ден до 10 часот. 

Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека трговците имале доволно време да се прилагодат на оваа нова законска обврска и дека таа е во интерес на граѓаните. Законската обврска важи за сите трговци освен за оние кои имаат до 10 вработени. 

– Транспарентноста мора да биде поголема од страна на маркетите, граѓаните треба да знаат каде да ги трошат нивните пари и кои цени се поевтини. Треба да им излеземе во пресрет на граѓаните. Се работи за закон кој ги опфаќа гоилемите ланци маркети и тие имаат капацитет и своја веб страница и може да ја спроведат оваа законска мерка, вели Дурмиши. 

Во однос на барањето на Комората на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун да се продолжи рокот за имплементација на одлуката, министерот Дурмиши планира средба со нив следната недела.

Казните за непочитување на законската обврска се движат и до 10.000 евра, а министерот Дурмиши најавува дека инспекторите на Пазарниот инспекторат ќе вршат проверки на терен. 

Обврскаа за објавување на продажните цени на производите произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачи што беа објавени во Службен весник на 4 март, а Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На „Табановце“ за влез и излез се чека до 30 минути

Следно

ФОТО: Автомобил целосно изгоре во струмичко Банско 

Latest from Blog

ПОЧНУВА ЛЕКУВАЊЕ НА РАК СО РУСКИ ВАКЦИНИ: Овие пациенти ќе бидат првите што ќе ги примат

Развојот на вакцина против рак се одвива според планот, меланомот ќе биде првата болест што ќе се лекува, изјави денес рускиот министер за здравство Михаил Мурашко. „Сè оди според планот, како што

Араухо беше во Ерусалим и Уругвај, па се врати на тренинг во Барса

фото: Víctor Navarro @victor_nahe (X) Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, се врати на тренинзи во Барселона. Уругвајскиот дефанзивец денеска учествуваше на отворениот тренинг на тимот. За потсетување, на почетокот на декември, Араухо
Go toTop