Дневен хороскоп за недела, 15. декември 2024

December 15, 2024
1 min read

Oвeн – Овој ден треба да го посветите исклучиво на себе и на одмор, тоа ќе ве задоволи. Не е поволен ден за поголемо деловно вклучување. Во љубовта е многу добар ден кога се во прашање нови познанства.

Биĸ – Типичните Бикови најверојатно ќе ги прескокнат обврските во овој втор ден од викендот и ќе се посветат на одмор и релаксација. Не станувајте премногу мрзеливи. Денеска би можеле да се случат некои важни разговори на вашето партнерско ниво.

Близнaци – Крајот на викендот го дочекувате со прилично променливо расположение. Ќе го цените друштвото или советот на некој пријател. Фокусирајте се на позитивната страна на вашата врска, а минатото оставете го таму каде што припаѓа.

Paĸ – Раковите треба да го посветат овој ден првенствено на одмор и дружење со пријателите во домашна атмосфера ако е можно. Доколку сте задоволни од моменталната ситуација, уживајте во неа, во спротивно почекајте поповолен период за промени.

Лaв – Немате голема поддршка и помош од страна, па денеска ќе мора да се потпрете на сопствените сили, а тоа може малку да ве забави. Можно е да сретнете личност која не паѓа така лесно на шарм. Ќе треба да се потрудите повеќе за да ја придобиете.

Дeвицa – Можно е обновување на контактот со соработник од минатото. Претстои поволен љубовен ден за сите претставници на овој знак кои имаат јасна ситуација и знаат што сакаат.

Baгa – Одморете се, полека подгответе се за следниот деловен период, кој треба да биде поуспешен од претходниот. Двете страни морате да покажте подготвеност за компромис, да се заборават некои некои тензични моменти за се да функционира како што треба.

Cĸopпиja – Скорпиите овој втор ден од викендот би можеле да го поминат во одлично расположение бидејќи е можна најава за нова деловна зделка или проект. Не бегајте од соочување со некои дилеми кои ве оптоваруваат, време е со партнерот отворено да разговарате за се.

Cтpeлeц – Ѕвездите ве советуваат да си дадете денеска малку одмор. Треба да се опуштите, да не обрнувате внимание премногу на ситниците, особено не од минатото, а само така ќе постигнете солидна комуникација со саканата личност.

Japeц – Јарците и денес ќе имаат многу работи на ум да направат. Совет е да не брзате со ништо и со никого.Слободните ќе имаат голема шанса да започнат убава, долгорочна љубовна приказна.

Boдoлиja – Доколку се појави нешто несекојдневно и итно, реагирајте веднаш, во спротивно, имајте ја на ум итната потреба за одмор и релаксација. Убав ден е максимално да се посветите еден на друг и да уживате во заедничките моменти.

Pиби – Ви претстои еден од поопуштените денови и искористете го за да го надоместите пропуштеното. Може да очекувате некои потенцијално убави реакции од некој што веќе некое време ви се допаѓа. Опуштете се и не размислувајте премногу за тоа што ќе се случи следно.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР мора веднаш да реагира! – Герасимовски повикува на итна акција поради нов вандализам од малолетници во Капиштец

Следно

Стартува акцијата „Новогодишна кошница“, над 900 производи треба да се продаваат по пониски цени

Latest from Blog

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос

Коњановски: Битола има со што да се гордее, Стефанија освои два медали во Торино

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средба со битолчанката Стефанија Димовска, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“, која од меѓународната олимпијада „IESO 2026“ во Торино, Италија, се врати со

Проданоски: Прилеп останува посветен на еднакви можности за секое дете

Во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп е ставена во функција новата, современо опремена сензорна соба и дефектолошките кабинети во рамки на Центарот за поддршка во училиштето. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски,
Go toTop