Џентилони: Пропаѓањето на СВБ не е директна закана за европските банки

March 13, 2023
1 min read

Колапсот на американската банка во Силиконската долина -СВБ (SVB) не претставува директна закана за европскиот банкарски сектор, но неговите индиректни последици треба да се следат, предупреди денеска еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.

-Мораме да ги следиме можните индиректни последици, но во овој момент мислиме дека тие не претставуваат значителен ризик, рече Џентилони.

Европската централна банка (ЕЦБ) будно ја следи ситуацијата, а сите европски банки преземаат соодветни мерки за отстранување на ризикот од слично сценарио, нагласи еврокомесарот.

Влијанието врз вредноста на акциите на европскиот банкарски сектор беше очекувано, но проценката на ризикот од домино ефектот е друга работа, нагласи тој.

-Мислам дека во моментов нема реална опасност од ширење на негативни последици во Европа, рече еврокомесарот.

Американската корпорација за осигурување на депозити ФДИЦ (FDIC) во петокот соопшти дека ја купила СВБ, чие седиште е во Силиконската долина. Банка специјализирана за финансирање стартапи пропадна бидејќи не успеа да ги добие парите изгубени од портфолиото на обврзници со итна докапитализација.

ДПА јави дека министрите за финансии од еврозоната денеска се собраа во Брисел на редовна средба, на која ќе ја анализираат состојбата на економијата и ќе разговараат за буџетската политика.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден уверува дека банкарскиот систем на САД е стабилен и покрај ненадејниот колапс на СВБ 

Следно

Болни од цистична фиброза уште чекаат на лекот кој спасува живот: „Трикафта“ во Македонија има само за 8 лица!

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop