Дивоградба на Пластичарска: Ако не се постапи по решението за рушење, премиерот ќе бара да постапи Обвинителството

June 10, 2023
1 min read

Откако Државниот инспекторат за градежништво, чиј директор е Фатмир Арифи од ДУИ, го одзеде предметот од Општина Центар, со што беше прекината постапката за рушење на дивоградбата на Пластичарска, премиерот Ковачевски вели дека Центар пред 12 дена побарал од Инспекторатот да го достави наодот од вонредниот инспекциски надзор и дека очекува тоа да се случи идната недела

Премиерот Димитар Ковачевски, гостувајќи во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, најави дека брзо ќе се постапи по решението на Општина Центар за рушење на габаритната дивоградба на Пластичарска улица, случај за кој известувавме во повеќе наврати.

Прашан кога случајот ќе се најде на дневен ред на владина седница, со оглед на таквите негови најави од пред неколку недели, премиерот Ковачевски одговори:

„Нема потреба темата да се става на дневен ред на Влада бидејќи одлуката за рушење веќе е донесена во Општина Центар која има избрано и форма, низ тендерска постапка, која тоа ќе го направи. Во меѓувреме, Државниот инспекторат за градежништво ја бара документацијата за да направи надзор. На 25 мај, пред 12 дена, Општина Центар го има известено Државниот градежен инспекторат да достави назад мислење. Државниот градежен инспекторат идната недела треба да го достави својот наод и да се постапи согласно наодите и, сметам, согласно решението на Општина Центар бидејќи се работи за дивоградба, според тоа што е заклучено од нивна страна“.

На прашањето што ако има ново одлагање, Ковачевски вели:

„Ново одлагање ќе предизвика од мојот кабинет да биде повикан јавен обвинител за да ја провери целата постапка“.

„360 степени“ објави дека објектот што на диво се гради на државно земјиште на Пластичарска во Скопје е речиси готов. Прво, Општината Центар немаше фирма за рушење, па потоа МВР немаше полицајци за асистенција, за кога се создадоа услови – предметот да заврши во Државниот инспекторат за градежништво. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, во телевизиски настап, тоа го оквалификува како пробивање и запирање на акцијата за рушење од Инспекторатот. Герасимовски е член на СДСМ, а директорот на Државниот инспекторат за градежништво, Фатмир Арифи, е кадар на ДУИ.

Дека се гради див објект на конкретната државна парцела среде Скопје, поточно на територија на Општина Центар, се знае од 2016 година. Тогашниот градоначалник Андреј Жерновски прво го затвори градилиштето, а откако работите продолжија, го сруши објектот. По неколкугодишно примирје, лани во декември повторно почна да се гради на истата локација.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДА НЕ БЕВТЕ ВИЕ, ПУБЛИКАТА, НИЕ НЕМАШЕ ДА БИДЕМЕ ТОА ШТО СМЕ, РЕКОА МИРЧЕВСКИ И ТЕМЕЛКОВСКИ ЗА НАГРАДИТЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ОД „ЧЕРНОДРИНСКИ“

Следно

Француски министер ги повика европските држави на заеднички систем за азил

Latest from Blog

Е.Пелистер поразен од Веспрем

Ракометарите на Е. Пелистер го доживеаја и шестиот пораз во деветтиот натпревар од Лигата на шампионите, овој пат со 33-26 (20-11) на гостувањето против унгарски Веспрем. Уште по првото полувреме беше јасно

Ирански генерал загина во судирите меѓу режимот на Асад и антирежимските групи во Алепо и Идлиб

Бригадниот генерал Кејумерс Пурхашими, еден од командантите на Армијата на иранската револуционерна гарда, загинал во нападот што го изврши сириската опозиција на западниот дел на Алепо, известува Анадолу. Според веста на иранската

Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Собранието на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. На средбата беше изразено задоволство од

Стојановски: Приватните превозници го прифатија предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, цената за километар да биде 100 денари!

Мартин Стојановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, денеска истакна дека приватните превозници го прифатиле предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, а цената за километар ќе биде 100

Брисел: Креативните решенија мора да бидат усогласени со заклучоците на Советот

Работиме на изнаоѓање решение за Северна Македонија да оди напред во втората фаза од преговорите со ЕУ. Не сакаме Северна Македонија да биде оставена назад. Сепак, креативните решенија мора да бидат усогласени
Go toTop