Директорот на Царина: Борбата со корупцијата во фокус, годинава преку засилени контроли спречен криминал со употребувани возила

September 27, 2025
1 min read

Делуваме системски, преку зголемена соработка со останатите институции сè со цел спречување на организираниот криминал и корупцијата во сите институции кои учествуваат во царинските постапки. Годинава преку Одделението за истраги, во рамки на Секторот за контрола и истраги, поднесени се 67 кривични пријави против 38 правни и 148 физички лица за сторени кривични дела со 181 возила каде директната штета врз Буџетот изнесува 16,5 милиони денари. Донесени се 11 решенија за отказ на царински службеници. Зголемените контроли, се еден од клучните фактори за раст на наплатата на приходите од 65,5 милиони евра заклучно со август годинава. Ова беа главните поенти на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во синоќешната емисија „Ставот на регионот“ на Newsnax Balkans каде се осврна на конкретните резултати постигнати во изминатите месеци, со посебен фокус на системските мерки за борбата со корупцијата, како една од најголемите закани за безбедноста.

Николовски притоа потенцира дека покрај зголемените контроли во изминатиот период во рамки на Царинската управа се работеше на менување на свеста на царинските службеници сè со цел поголема ефикасност во спречување на криминалот и корупцијата. Доказ за преземените чекори во сузбивање на корупцијата е и последниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата, во кој Царинската управа е на високото петто место од вкупно 72 институции во спроведување на политики за интегритет. Покрај веќе донесените 11 отказни решенија, од кои две се со судска одлука, директорот вели дека од лани се спроведени вкупно 76 дисциплински постапки. Нагласи дека е потребна силна волја и нови кадри кои ќе учат од најдобрите во Царинската управа, и оти ова се начините за ефикасна борба со корупцијата.

За „Ставот на регионот“ Николовски порачува дека контролите на граничните премини се зајакнати и оти преку подобрена анализа на ризик, целта е што помалку контроли, со цел непречен проток на патници и стока при истовремен поголем успех во детекција и откривање на секој обид за криминал.

Во првата половина од годинава, како резултат на вршење селективни контроли базирани на анализа на ризик и проценка на ризик во патничкиот промет, бројот на откриени неправилности е зголемен за 194 проценти во споредба со истиот период 2024 година.

Во однос на ефектите од воспоставениот концепт на едно застанување на граничните премини со Србија и Косово, директорот вели дека за разлика од порано кога граѓаните на едно место морале да застанат два пати, сега застануваат еднаш при што се врши една проверка. Системот веќе ги дава ефектите, преку забрзан проток на патници, како и ефикасна контрола и заедничко делување во спречување на секој обид за шверц.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски го потпиша Кодексот за фер избори: „Ќе бидам гарант за чесен процес во Скопје“

Следно

ЕУ планира укинување на правилото за согласност за интернет „колачињата“

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март

Познати четвртфиналните двојки: Дуели на титаните во Париз, Мадрид и Барселона

Со завршувањето на вечерашните четири реванш осминафинални пресметки во Лигата на шампионите, одредени се сите учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ – Ливерпул Реал Мадрид – Баерн Минхен Барселона –
Go toTop