Директорот на болницата во Газа бил подложен на тортура и злоупотреба во израелски затвор, тврди палестинска адвокатка

March 10, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Директорот на болницата „Камал Адван“ во северна Газа, д-р Хусам Абу Сафија, бил подложен на тортура и брутална злоупотреба во израелските затвори, изјави денес палестинската адвокатка, јавува Анадолу.

Кон крајот на декември израелските сили го приведоа Абу Сафија заканувајќи му се со оружје откако извршија рација во болницата, оставајќи ја во нефункционална состојба.

Палестинската адвокатка Каид Касем минатиот четврток успеала да го посети Абу Сафија, според соопштението на Канцеларијата за медиуми на затворениците поврзана со Хамас.

Таа изјави дека докторот од Газа бил задржан повеќе од 70 дена во затворот „Офер“, западно од Рамала, на окупираниот Западен Брег.

„Од првиот момент на апсењето Абу Сафија беше пренесен во злогласниот притворен центар ‘Сде Теиман’ (во пустината Негев, во Јужен Израел), каде што 14 дена беше држен во самица”, изјави адвокатката, цитирајќи го палестинскиот доктор.

Во врска со неговото испрашување, Касем истакна дека најдолгата сесија траела 13 последователни дена.

Таа нагласи дека за време на неговиот притвор, Абу Сафија бил „континуирано и екстремно брутално малтретиран, мачен и злоупотребуван”.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Николоски – Пос: Се разгледува можноста Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија, како и можност за авиолинија Охрид – Карлови Вари

Следно

Ердоган: Туркије силно ги осудува сите видови напади насочени кон единството на Сирија

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop