Директорот на болницата Ал Шифа: Израел уби новинари за да изврши „голем масакр без звук и слика“ во Газа

August 11, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израел уби новинари на Ал Џезира за да спречи известување за големиот масакр што има намера да го изврши, изјави денес директорот на болницата „Ал-Шифа“, јавува Анадолу.

„(Израелската) окупација се подготвува за голем масакр во Газа, но овој пат без звук или слика“, изјави д-р Мухамед Ебу Салмија за Анадолу.

„Сака да убие и расели најголем број Палестинци во градот Газа, но овој пат во отсуство на гласот на Анас, Мухамед, Ал Џезира и сите сателитски канали“, рече тој.

Израелската Армија доцна синоќа изврши напад на новинарски шатор во близина на болницата „Ал-Шифа“ во градот Газа, во којшто убиени се пет новинари, вклучувајќи ги и дописниците на Ал Џезира, Анас ал-Шариф и Мухамед Краикеа, според Канцеларијата за медиуми.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Свечено откриена новата биста на Цветан Димов во Кисела Вода

Следно

Повторно пеколни температури во Македонија

Latest from Blog

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба

Лашкоска на средба со млади од регионот: Младите се партнери во зелената транзиција

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржа едукативна работна средба со група млади учесници, организирани од младинската
Go toTop