Директорката на „Козле“ Д-р Каролина Симоновска испрати катиљ ферман со кој забрани медиумите да и го споменуваат името

February 3, 2025
1 min read

Директорката на Козле, Каролина Симоновска преку соопштение во јавноста бара нејзиното име веќе да не се споменува во медиумите.

„Јас, д-р Каролина Симоновска, именувана за в.д. директор во ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, под целосна материјална, професионална и морална одговорност, изјавувам дека не се согласувам и во ниеден случај не давам согласност моето име и презиме и професионалност да биде објавувано по медиуми. Особено во ниеден случај моето име и презиме и професионалност да бидат злоупотребувани на начин што неовластено и во контекст на невистинити објави ќе биде употребувано јавно по медиуми. Секоја постапка спротивна на горенаведеното претставува нарушување на мојот професионален, личен и морален интегритет и го задржувам правото да ги преземам сите законски мерки од секој обид на манипулација или неовластена употреба на моето име и презиме“, се вели во писмената изјава.

На ова реагираа и од Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ каде велат дека оваа забрана претставува јавен притисок насочен кон медиумите.

„Ваквите објави се директна цензура врз новинарите и ја поткопуваат слободата на изразување и независноста на медиумите. Ги потсетуваме сите носители на јавни функции дека, доколку имаат забелешки за објавени медиумски содржини, секогаш може да побараат исправка или демант. Исто така, на располагање им се и телата за саморегулација на медиумите, кои ја оценуваат етичноста и професионалноста на медиумските содржини. Оваа форма на јавни известувања е неприфатлива бидејќи создава атмосфера на заплашување и недоверба, што е спротивно на демократските вредности и јавниот интерес“, велат од ЗНМ.

Оваа изјава следува откако Лекарскиот колегиум на Клиниката „Козле“ преку протестно писмо побара итна оставка од Симоновска, поради нејзината одлука да ја разреши докторката Веселинка Митровска Јосифовска. Според нив, Симоновска се обидела насилно да ја отстрани од ординацијата, а за тоа има и сведоци. Бараат враќање на Митровска на работа и напоменуваат дека самоволието на директорката ја уништува клиниката и влијае на пациентите.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, најави разгледување на работата на неколку директори, вклучувајќи ја Симоновска, која, како што изјави, ги нарече обвинувањата лаги. Лекарскиот колегиум повторно апелира до институциите за решавање на проблемот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Уште се бара лицето кое ги замеси колачињата и заедно со мобилен телефон ги испрати во Шутка кај Јованов

Следно

Сторено со умисла: Јованов ќе одговара за најтешкото кривично дело од областа на сообраќајот

Latest from Blog

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред

Најбогатиот знак во ноември: Очекува зголемување на платата – пристигнуваат деловни понуди

Во ноември, астролошки гледано, Јарецот има најмногу можности за богатство и финансиски напредок. Енергијата на месецот му носи стабилност, нови деловни понуди и шанси конечно да ја отплати напорната работа од претходните

Алиу: После изборните резултати нашата коалиција е сигурна и посилна

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори. Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна
Go toTop