Директор на компанијата чија подморница потона ги отфрлил како неосновани предупредувањата за безбедноста

June 23, 2023
1 min read

Додека подморницата не биде сертифицирана и тестирана не би требало да се користи за комерцијални тури за големи длабочини, го предупредува експертот по извршниот директор кој инаку е еден од петмината патници кои се наоѓаа во подморницата и загинаа

Стоктон Раш

Предупредувањата за безбедност на потонатата подморница „Титан“ биле отфрлени како неосновани од страна на извршниот директор на компанијата „Оушнгејт“ Стоктон Раш, објави „Би-би-си“.

Ова го покажува неговата преписка преку електронска пошта со водечкиот експерт за истражување на морски длабочини Роб Мекалум.

Во пораките во кои увид имал „Би-би-си“, Мекалум му кажал на Раш дека потенцијално ги става во ризик своите клиенти и го повикал да не ја користи подморницата додека не биде прегледана и сертифицирана од независно тело.

На тоа Раш одговорил дека е „уморен од индустриските играчи кои го користат аргументот за безбедноста за да ги запрат иновациите“.

Тензичната комуникација во 2018 година завршила откако адвокатите на „Оушнгејт“ се заканиле со правна постапка.

Во пораките кои биле разменети, а кои ги објави британскиот медиум, се забележува дека извршниот директор изразува фрустрација од критиките што ги слушал за безбедноста на подморницата.

„Слушнавме неосновани предупредувања ’ќе убиете некого‘ токму многу пати. Тоа го доживувам како сериозна лична навреда“,

пишува тој.

Експертот Мекалум за предупредувањата зборува и во изјава за „Би-би-си“ каде вели дека повеќе пати барал од компанијата да побара безбедносен сертификат за користење на подморницата „Титан“ пред да почнат да ја употребуваат за комерцијални цели.

Во една од пораките до Раш тој вели:

„Додека подморницата не биде сертифицирана и тестирана не би требало да се користи за комерцијални тури за големи длабочини. Меѓутоа, нагласува медиумот, подморницата никогаш не била сертифицирана. Ве преколнувам да водите сметка за тестирањето и морските испитувања и да бидете многу, многу конзервативни. Колку и да ги ценам претприемништвото и иновациите, потенцијално можете да ја изложите на ризик целата индустрија“.

Извршниот директор Раш на оваа порака одговори бранејќи ја својата работа и рекол дека е „добро квалификуван да ги разбере ризиците и прашањата во врска со подводните истражувања“.

Раш е еден од петмината патници кои починаа во потонатата подморница која експлодираше. Компанијата „Оушнгејт“ тој ја основал во 2009 година, а на клиентите им нуделе шанса со „Титан“ да искусат патување во морските длабочини, вклучително и обиколка на потонатиот „Титаник“ по цена од 250 000 долари.

Од компанијата досега не ги коментираа мејловите што ги објави „Би-би-си“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Борел со остра порака кон Белград и кон Приштина: Ескалацијата станува опасна, нема да го толерираме тоа

Следно

Ново издание на 360°: За ставот на Макрон за прием на нови членки во ЕУ и за Парадата на гордоста

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop